Симболизам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Симболизам — уметнички и книжевен правец кој настанал во Франција кон крајот на 19 век како отфрлање на натурализмот и реализмот. Симболизмот имал свои почетоци уште од периодот на романтизмот, и траел и после 1900 година, кога се смета дека како правец изумрел.

Претставници[уреди]

Во литературата главен претставник на симболизмот е Шарл Бодлер. Покрај него, тука се и германскиот поет и романсиер Новалис, американскиот раскажувач и лиричар Едгар Алан По, француските романтичари Виктор Иго и Алфред Вињи.

Непосредни претходници на симболизмот се сметаат: Артур Рембо, Стефан Маларме, Верлен, кои се сметаат и за негови најдобри претставници, а Маларме и за најзначаен теоретичар.

Во Германија: Р.М. Рилке и Х. фон Хофманстал. Во Англија: Оскар Вајлд и В.Б. Јејтс. Во Русија: Валериј Брјусов, Андреј Бели, Вјачеслав Иванов, Александар Блок. Во Југославија: Јован Дучиќ, А. Г. Матош, Отон Жупанчич и други.

Во поезијата[уреди]

Во основата на својата поетика симболистите ги ставиле теоретските ставови и поетската пракса на Шарл Бодлер: современ поет, син на големиот град, кој во својата сензибилност слегува до дното на човечкиот физички и морален пад, наоѓајќи го во темните длабочини на човечкото битие најголемото патење но и најголемата восхитеност, спој на несреќа и убавина („Ужасот на животот - екстазата на животот“).

Природата во своите појавни облици е само привидност (сон), а под тоа се крие вистинската суштина на нештата. Поетот е видовит пророк, кој во моменти на поетска интуиција ги открива тие суштини. Со „симбол“ се означува поетска слика која се прелева многу над своето основно значење, и дифузно сугерира многу идеи и емоции. Наспроти романтичарските барања за субјективност на поетскиот израз, симболизмот ја прогласува имперсоналноста (безличноста) како основна поетска инспирација.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија: