Осигурување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Осигурување е еден облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финасиските губитоци. Осигурувањето е пренос на ризикот од осигуреникот врз осигурително друштво, со плаќање на премија за осигурување.

Основна логика на осигурувањето[уреди]

Основна идеја која лежи зад Осигурувањето е поврзување на ризикот на повеќе осигуреници во еден фонд, така законот на веројатност т.е. законот на големите броеви обезбеди да само релативно мал број на неповолни настани навистина се оствари во една година. Со тоа, трошокот на тој мал број на настани може да биде лесно поднесен од страна на голем број на осигуреници.

На пример, поединци знаат дека ризикот од пожар во нивниот дом е мал, но се плашат од истото зошто последиците би биле многу неповолни; затоа спремни се да платат осигурување против пожар; Осигурителните друштва примаат иплати на премии зошто знаат, врз основа на статистика, дека кај голем број на осигуреници ќе се случат мал број на пожари; поради таквиот низок ризик и осигурителната премија за пожари обично е ниска.

Осигурувањето, избегнувањето, ублажувањето и преносот на ризик, ја намалуваат неизвесноста кај поединци или организации. Со осигурувањето се овозможува интелигентно управување со ризикот, со постигнување на стабилност и развој.

Видови на осигурување[уреди]

Основни типови[уреди]

Според светската пракса во осигурувањето, а и македонското законодавство, Осигурувањата се делат грубо на 2 вида:

  • Животно Осигурување (осигурување на животот, рентно, дополнително осигурување со осигурување на живот, доброволно пензиско осигурување и др.) и
  • Неживотно Осигурување (осигурување од последици на несреќа, осигурување на моторни возила, каско осигурување, на имотот, од пожар и други опасности, осигурувања од одговорност и др.)

Класи на осигурување[уреди]

Сите видови на осигурување според македонското законодавство официјално се поделени во 23 класи (чл.5 од Законот за Супервизија на Осигурувања - 27/2002), и тоа:[1]

  1. Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи индустриски повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето поради повреда, покрива: исплата на осигурената сума во еден целосен износ; исплата на осигурената сума во рати; комбинација на исплати од претходните два случаи; исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.
  2. Здравственото осигурување покрива услуги кои не се покриени со задолжителното здравствено осигурување: еднократен паричен надомест за инвалиднина; надомест на трошоците за болничко лекување; комбинација на плаќањата од претходните два случаи.
  3. Осигурувањето на моторни возила (каско) ги покрива штетите за:моторни возила со сопствен погон, освен шински; влечни патни возила.
  4. Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанати на шински возила.
  5. Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на воздухоплови.
  6. Осигурувањето на пловни објекти (каско) ги покрива штетите настанати на речни или езерски пловни објекти.
  7. Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на стока во превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на транспортот.
  8. Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член) во случаи на: пожар, експлозија, луња, природни непогоди освен луња, земјиште што тоне или се лизга.
  9. Други осигурувања на имот ги покрива штетите или губитоци на имот(освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член) поради град или мраз, и други штети освен оние од точка 8 од овој член (на пример во случај на кражба).
  10. Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила.
  11. Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.
  12. Осигурувањето од одговорност од употреба на пловни објекти ги покрива штетите настанати од употреба на пловните објекти вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.
  13. Општо осигурување од одговорност го покрива осигурувањето од други одговорности освен оние од точките од 10 до 12 од овој член.
  14. Осигурувањето на кредити покрива: ризик од неплаќање (ненавремено плаќање) поради неликвидност или други околности; извозни кредити и други ризици во врска со извозот, трговијата и инвестирањето на странски и домашен пазар; кредити со отплата на рати; хипотекарни и ломбардни кредити; земјоделски кредити, и други кредити и заеми.
  15. Осигурување на гаранции ги покрива и директно или индиректно гарантира за исполнувањето на обврските на должниците.
  16. Осигурување од финансиски загуби ги покрива финансиските загуби кои се јавуваат како резултат на: ризик при вработување; недоволен приход (општо); временски неприлики; загубен приход; непредвидени општи трошоци; непредвидени трговски трошоци; загуба на пазарната вредност; загуба на рентата или приходот; индиректни трговски загуби освен оние наведени во претходните случаи; други финансиски загуби (освен трговски), и други видови на финансиски загуби.
  17. Осигурување на правна заштита ги покрива трошоците за правна помош и судски спорови.
  18. Осигурување на туристичка помош (патничко осигурување) за лица кои се соочуваат со проблеми при патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење.
  19. Осигурување на живот (освен она наведено во точките 20-23 од овој член) опфаќа осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии.
  20. Осигурување на брак или породување.
  21. Осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови, кога осигуреникот го презема инвестициониот ризик во однос на промена на вредноста на инвестиционите купони или други хартии од вредност на инвестиционите фондови.
  22. Осигурување на тонтина (здружение на рентиери), е осигурување на лица здружени со цел заеднички да ги капитализираат уплатените влогови и соодветно на тоа да ги дистрибуираат акумулираните средства помеѓу лицата кои достигнале одредена возраст, или пак помеѓу корисниците на осигурувањето на починатите лица.
  23. Осигурување на средства за исплата, се базира на актуарски пресметки при што во замена за еднократни или периодични уплати осигурените лица добиваат побарувања со одредено времетраење и износ.

Осигурувањето во Македонија[уреди]

Правна рамка[уреди]

Целиот систем на Осигурување во Македонија моментално правно е базиран врз Законот за Супервизија на Осигурувања (Службен весник на РМ - 27/2002), како и други поединечни закони, подзаконски акти и имплементација на легислативата на ЕУ од областа на осигурувањето.[2]

Контрола на државата и регулирање на пазарот[уреди]

Главна регулаторна државна инстанца која го контролира целокупниот пазар на Осигурување во Македонија е Агенцијата за Супервизија на Осигурувања (АСО).[3]

Агенцијата за супервизија на осигурување е основано како независно регулативно тело со надлежности и овластувања да се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување, со цел заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги. Оваа цел Агенцијата ќе ја постигне преку креирање на модерен и ефикасен осигурителен сектор, кој ќе нуди квалитетни осигурителни услуги и ќе даде значителен придонес за понатамошен развој на финансискиот сектор во земјата.

Законските надлежности на Агенцијата се однесуваат на:

  • Спроведување на супервизија над друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурителните брокери и застапници, правните лица кои се поврзани со друштвата за осигурување и Националното биро за осигурување, како и
  • Издавање и одземање дозволи, согласности и лиценци, изрекување супервизорски мерки, донесување подзаконски акти и давање предлози за донесување на закони, членување во меѓународни асоцијации од областа на осигурувањето, соработување со други надзорни органи и поттикнување на развојот на осигурувањето.

Осигурителни друштва во Македонија[уреди]

Според Македонското законодавство, осигурителните компании се стриктно поделени на оние кои што работат со Животно и оние кои што работат со Неживотно осигурување. Значи, според законот, таа компанија која работи со Животно нема право да работи со Неживотно Осигурување - и обратно. Подолу е листата на компании овластени (лиценцирани) од страна на Агенциајта за Супервизија на Осигурувања (АСО):[4]

Друштва за животно осигурување[уреди]

Заклучно Јануари 2011, единствено 3 Друштва имаат лиценца за Животно Осигурување:

Друштва за неживотно осигурување[уреди]

Заклучно Јануари 2011, единствено 11 Друштва имаат лиценца за Животно Осигурување:

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]