Животно осигурување
Животното осигурување е еден од двата главни облика на осигурување, покрај неживотното осигурување. Овој тип на осигурување опфаќа осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии.[1]
Содржина |
Животно Осигурување во светот[уреди]
Животното осигурување е во голема мерка застапено во светот, а особено во Западните развиени земји, каде оваа традиција трае уште од средината на 19. век. Според испражувањатата од 2007 на Swissre[2], еве кои држави се водечки во Животно Осигурување. За споредба во Македонија од сите видови премии за осигурувања само нешто над 5% отпаѓа на Животно Осигурување.
| Држава | Вкупно премии за сите видови осигурувања (по глава на жител во US $) | Oд тоа во Животно Осигурување (по глава на жител во US $) | Процент од сите видови осигурувања кој отпаѓа на Животно Осигурување |
|---|---|---|---|
| Ирска |
7171 |
5734 |
79,96 |
| Велика Британија |
7114 |
5731 |
80,56 |
| Холандија |
6263 |
2192 |
35,00 |
| Швајцарија |
5741 |
3159 |
55,03 |
| Данска |
5103 |
3381 |
66,26 |
| Франција |
4178 |
2928 |
70,08 |
| Белгија |
4132 |
2973 |
71,95 |
| САД |
4086 |
1922 |
47,03 |
| Финска |
3906 |
3093 |
79,19 |
| Шведска |
3705 |
2640 |
71,26 |
| Норвешка |
3370 |
2439 |
72,37 |
| Јапонија |
3320 |
2584 |
77,83 |
| Канада |
3054 |
1387 |
45,42 |
| Австралија |
3002 |
1674 |
55,76 |
| Германија |
2662 |
1234 |
46,36 |
| Јужна Кореја |
2384 |
1657 |
69,51 |
| Русија |
209 |
6,1 |
2,91 |
| Бразил |
202 |
95 |
47,03 |
| Кина |
69,6 |
44,2 |
63,50 |
| Индија |
46,6 |
40,4 |
86,70 |
Извор: World Insurance in 2007 — Swissre.com
Друштва за Животно Осигурување во Македонија[уреди]
Овој вид на Осигурување во Македонија моментално правно е базиран врз Законот за Супервизија на Осигурувања (Службен весник на РМ - 27/2002)[3], а главна регулаторна државна инстанца која го контролира овој вид на осигурување, како и целокупниот пазар на Осигурување во Македонија е Агенцијата за Супервизија на Осигурувања (АСО).[4]
Заклучно Јануари 2011, единствено 3 Друштва имаат лиценца од АСО за работа со Животно Осигурување:[5]
Наводи[уреди]
- ↑ чл.5/точка 19 од Законот за Супервизија на Осигурувања, 27/2002
- ↑ World Insurance in 2007 — Swissre.com
- ↑ Законот за Супервизија на Осигурувања, 27/2002
- ↑ Интернет страница на Агенцијата за Супервизија на Осигурувања
- ↑ АСО - Регистер на Друштва за Осигурување
- ↑ Официјална страница на: ГРАВЕ ад Скопје
- ↑ Официјална страница на: КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ - ЖИВОТ ад Скопје
- ↑ Официјална страница на: ВИНЕР ЛАЈФ ад Скопје
Надворешни врски[уреди]
- Агенција за Супервизија на Осигурувања (АСО)
- Годишен извештај на АСО за 2009 за обемот на работата и премии на Осигурителните компании во Македонија
- Целиот текст на Законот за супервизија на осигурување
- Официјална страница на: ГРАВЕ ад Скопје
- Официјална страница на: КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ - ЖИВОТ ад Скопје
- Официјална страница на: ВИНЕР ЛАЈФ ад Скопје