Македонски денар
| Македонски денар | |||
|
|||
| ISO 4217 код | MKD | ||
|---|---|---|---|
| Корисник | |||
| Инфлација | -0,8% | ||
| Извор | The World Factbook, проценка од 2009. | ||
| Подвалута | |||
| 1/100 | дени | ||
| Симбол | ден | ||
| Множина | денари | ||
| Монети | 50 дени, 1, 2, 5, 10, 50 денари | ||
| Банкноти | 10, 50, 100, 500, 1000, 5000 денари | ||
| Централна банка | Народна банка на Република Македонија | ||
| Мреж. место | www.nbrm.gov.mk | ||
Македонски денар (кратенка: ден., ISO 4217: MKD, бројчен код: 807) е официјална валута во Република Македонија и се состои од 100 дени. Народната Банка на Република Македонија има ексклузивно право на печатење и издавање на монети и банкноти во Република Македонија. Македонскиот денар бил воведен на 26 април 1992 година.[1]
Република Македонија монетарно се осамостои точно на Велигден 1992 година. Првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев од парламентарната говорница ги презентираше првите македонски пари - денари со зборовите:
„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“.
Името на македонската парична единица го предложи Македонската академија на науките и уметностите, а потекнува од стариот римски денариj (denarius).
Денес во Република Македонија во оптек се метални монети со деноминации од 50 дени, 1, 2, 5, 10 и 50 денари како и хартиени банкноти со деноминации од 5000, 1000, 500, 100 (50 и 10 привремено) денари.
Монетите се ковани од легура CuNi3Zn17 (CuZn15 за 50 дени) во ковницата „Сувенир“ во Самоков.
Банкнотите со помала деноминација, 10, 50 и 100 денари се печатени во Република Македонија, додека банкнотите со деноминации од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкноти од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.
Содржина |
Галерија на парите [уреди]
Банкноти [уреди]
| Прв предлог | |||||
|---|---|---|---|---|---|
| Лице | Позадина | Вредност | Боја | Лице | Позадина |
| 10 денари | сина | Споменик Македониум | Жени при жнеење жито | ||
| 25 денари | црвена | Споменик Македониум | Жени при жнеење жито | ||
| 50 денари | кафеава | Споменик Македониум | Жени при жнеење жито | ||
| 100 денари | темно сина | Споменик Македониум | Жени при жнеење жито | ||
| 500 денари | зелена | Споменик Македониум | Жени при жнеење жито | ||
| 1000 денари | темно сина | Споменик Македониум | Жени при жнеење жито | ||
| 5000 денари | црвена-кафеава | Девојче пред компјутер | Споменикот Македониум | ||
| 10000 денари | црвена-кафеава | Играорци и споменикот Македониум | Поглед кон Света Софија, Охрид | ||
| Серија од 1993 | |||||
| Лице | Позадина | Вредност | Боја | Лице | Позадина |
| 10 денари | сина | Споменик Македониум | Мотив од Крушево | ||
| 20 денари | кафеава-темноцрвена | Даут Пашин Амам во Скопје | Саат кула, Скопје | ||
| 50 денари | црвена | Поглед кон зградата на Народна Банка на Република Македонија | Свети Пантелејмон, Скопје | ||
| 100 денари | кафеава | Света Софија, Охрид | Народен музеј, Охрид | ||
| 500 денари | кафеава-темнозелена | Самуилова тврдина, Охрид | Свети Јован-Канео, Охрид | ||
| Серија од 1996 | |||||
| Лице | Позадина | Вредност | Боја | Лице | Позадина |
| 10 денари | лилава | Торзо на египетската божица Изида (II век пр. н.е.), Охрид; златна обетка (IV век пр. н.е), с. Беранци, Битолско. | Паун, детаљ од подниот мозаик во баптистериумот на Епископската базилика (IV-V век), Стоби. | ||
| 50 денари | сина | Во средина на декоративната штуко арка од црквата Св. Пантелејмон, претстава на фолис емитуван од византискиот император Јустин II. | Архангел Гаврил од сцената „Благовестие“, фреска на источниот ѕид на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново. | ||
| 100 денари | лилава-кафеава | Таванска розета | Поглед од албанска куќа | ||
| 500 денари | црвена-кафеава | Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). | Цвет на афион | ||
| 1000 денари | кафеава | Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко Кале, Охридско. | Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид | ||
| 5000 денари | црвена-кафеава | Бронзена фигура на Менада (VI век пр.н.е), Тетово;на левата страна бронзена евхаристична гулабица (XIII век), охридско. | Кербер врзан за смоква, детаљ од подниот мозаик во нартексот на Големата базилика во Хераклеја Врскаестис (V-VI век), Битола. | ||
| Надоградба на серија од 1996 | |||||
| Лице | Позадина | Вредност | Боја | Лице | Позадина |
| 500 денари | црвена-кафеава | Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). | Цвет на афион | ||
| 1000 денари | кафеава | Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко Кале, охридско. | Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид | ||
Монети [уреди]
| 1993 серија | |||
|---|---|---|---|
| Монета | Вредност | Карактеристики | Опис |
| 50 дени | Издание 1993, Диjам. 21,5 мм;Теж. 4,10 г, Метал: CuZn15, Ковница: Сувенир, Самоков, Во оптек од 10.05.1993 | Ав. 50 ДЕНИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 во долното централно поле. Претстава на галеб во лет. | |
| 1 денар | Издание 1993 (1997,2001), Диjам. 23,8 мм;Теж. 5,10 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 | Ав. 1 ДЕНАР во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (1997, 2001) во долното централно поле. Претстава на шарпланинец. | |
| 2 денари | Издание 1993 (2001), Диjам. 25,5 мм;Теж. 6,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 | Ав. 2 ДЕНАРИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на охридска пастрмка. | |
| 5 денари | Издание 1993 (2001), Диjам. 27,5 мм;Теж. 7,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 | Ав. 5 ДЕНАРИ во долното централно поле, Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на евроазиски рис. | |
| 10 денари | Издание 2008, Диjам. 24,5 мм;Теж. 6,6 г, Метал: Cu70Ni12Zn18, Во оптек од 15.11.2008 | Ав. 10 ДЕНАРИ во долното централно поле. Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 2008 во долното централно поле. Гравиран Паун - мозаик од Стоби - VI век, детал кој е земен од книжните пари од 10 денари. | |
| 50 денари | Издание 2008, Дијам. 26,5 мм; Теж. 7,7 г, Метал: Cu62Ni18Zn20, Во оптек од 15.11.2008 | Ав. 50 ДЕНАРИ во долното централно поле. Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 2008 во долното централно поле. Гравиран лик на Архангел Гаврил - фреска од манастирот Св. Ѓорѓи (Курбиново) - XII век, детал кој е земен од книжните пари од 50 денари. | |
Јубилејни монети [уреди]
| Изданија на НБРМ | |||
|---|---|---|---|
| Монета | Вредност | Опис | |
| 1 златен денар | Ав. Народна Банка на Република Македонија и знакот на НБРМ. Рев. Православен крст. | ||
| 1 сребрен денар | Ав. Народна Банка на Република Македонија и знакот на НБРМ. Рев. Православен крст. | ||
| 1 бакарен денар | Ав. Народна Банка на Република Македонија и знакот на НБРМ. Рев. Православен крст. | ||
| 1 златен денар | Ав.НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА;ЕДЕН ЗЛАТЕН ДЕНАР Пар бели штркови (Ciconia Ciconia) во гнездо. Рев.
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА; СКОПЈЕ, 8 СЕПТЕМВРИ 1996 Грб на Република Македонија. |
||
| 1 златен денар | Ав. Портрет на Свети Климент Охридски. Рев. Соборна Црква во Скопје. | ||
| 5 златни денари | Ав. Егзодус, Мајка со две деца во бегање. Рев. РГрб на здружението на Македонсците бегалци од Егејска Македонија. | ||
| 2 златни денари | Ав. Грб на Економски факултет во Скопје. Рев. Зградата на Економски факултет во Скопје. | ||
| 10 златни денари | Ав. Стилизирана карта на Македонија со сонце во средината. Рев. Претстава на дрво. | ||
| 10 златни денари | Ав.Портрет на Свети Кирил и Методиј. Рев. Македонска азбука | ||
| 60 златни денари | Ав. Панорама на манастирот Свети Прохор Пчињски Рев. Манифестот на АСНОМ | ||
| 10 златни денари | Ав.Црешовото топче. Рев. Споменик Македониум во Крушево. | ||
| 100 сребрени денари | Ав.Црешовото топче. Рев. Споменик Македониум во Крушево. | ||
| 100 златни денари | Ав. Портерет на Даме Груев. Рев. Споменик Македониум во Крушево. | ||
| 100 златни денари | Ав. Портерет на Блаже Конески. Рев.Споменик Македониум во Крушево | ||
| 100 златни денари | Ав. Портрет на Гоце Делчев. Рев.Споменик Македониум | ||
| 100 златни денари | Ав. Портрет на Ѓорче Петров. Рев. Споменик Македониум во Крушево. | ||
| 100 златни денари | Ав. Портерет на Јане Сандански. Рев.Споменикот Македониум во Крушево | ||
| 100 златни денари | Ав. Портрет на Крсте Петков Мисирков. Рев. За македонцките работи, корица на книгата | ||
| 100 златни денари | Ав. Портрет на Методија Андонов Ченто. Рев. Споменик Македониум во Крушево. | ||
| 100 златни денари | Ав. Портрет на Михајло Апостолски. Рев. Споменик Македониум во Крушево. | ||
| 100 златни денари | Ав. Портрет на Питу Гули. Рев. Споменик Македониум во Крушево. | ||
| 100 златни денари | Ав. Портрет на Никола Карев, Илинден. Рев. Споменик Македониум. | ||
Валута како сувенир [уреди]
Почнувајќи од 2002 година, Вевчани, село во југозападниот регион на Македонија и самопрогласено за "независна Република", започнало да издава свои пари, т.н. личник, како сувенир. Парите се јасно означени како "примерок" и никогаш не биле наменети за официјално користење како законски валута.[2]
Надворешни врски [уреди]
- Изглед на македонските банкноти и монети - Народна банка на Република Македонија
- Конвертор кон сите валути
- Со солзи и во тајност се печатеше првиот македонски денар - Утрински Весник
- Момчето што ги нацрта денарите - Утрински Весник
- Денарот шверцуван преку Албанија на Нова Македонија.
Наводи [уреди]
- ↑ Ќе се слават 20 години од македонскиот денар Нова Македонија
- ↑ „Macedonia Tolerates a 'Republic' in Its Midst“, Associated Press, January 6, 2002.
|
|||||||||||||||||||||||||||||