Географија на Маршалските Острови
Географијата на Маршалските Острови ги опфаќа релјефните и географски карактеристики на оваа островска држава. Маршалските Острови се островска држава во Океанија, поточно во Тихиот Океан. Државата е составена од две островски групи, Ралички Острови и Ратачки Острови. Маршалските Острови имаат 29 атоли и 5 острови. Државата нема копнена граница, но по морските граници ги дели со Микронезија и Кирибати. Главен град на државата е Маџуро, а официјални јазици се маршалски и англиски јазик.
Содржина |
Општи податоци [уреди]
Местоположба: Океанија, поточно северниот дел на Тихи Океан. Соседни држави на Маршалските Острови се Микронезија и Кирибати. Географските координати на државата се .
Површина Вкупната површина на државата е 181.3 km². Државата нема значителна водна површина. Маршалските Острови немаат копнени граници.
Брег: Вкупната должина на брегот на Маршалските Острови е 370.4 km.
Морски територии:
зона: 24 nm
ексклузивна економка зона: 200 nm
територијални води: 12 nm
Клима: Климата на Маршалските Острови е тропска. Влажната сезона е од мај до ноември, додека останатите месеци се суви. Државата е во близина на тајфунскиот појас.
Релјеф: Државата е многу ниска во поглед на надморската висичина. Како резултат на глобалното затоплување има опасност од поплавување на островите поради нивната мала надморска височина. најниската точна во државата е Тихиот Океан, додека највисоката точка е во Ликиеп и има 10 метри надморска височина.
Природни ресурси: Државата располага со резерви на фосфат, морски плодови, морски минерали и сл.
Употреба на земјиштето:
обработливо земјиште: 0%
постојани насади: 60%
постојани пасишта: 0%
шуми: 0%
друго: 40%
Крајни точни [уреди]
Крајните точки на државата се:
- северна точна – Бокак, Ратачки Острови*
- источна точка – Нокс, Ратачки Острови
- јужна точка – Ебон, Ралички Острови
- западна точка - Уџеланг, Ралички Острови
- Белешка: Маршалските Острови тврдат дека островот Вејк е под нивна контрола, а моментално е под американска контрола. Ако Вејк е под Маршалските Острови, тогаш тој е најсеверна точка.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- „Светска книга на факти“ на ЦИА - запис за „Маршалски Острови“ (англиски)
- Маршалски Острови на UCB
- Географија на Маршалските Острови - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
|
|||||||||||