Каролински Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Карта на Каролинските Острови.
Местоположба на Каролинските Острови.
Залез во Јап.

Каролинските Острови (англиски: Caroline Islands, шпански: Islas Carolinas) со острови (архипелаг) во регионот Микронезија во Тихиот Океан, кои се наоѓаат северно од Нова Гвинеја. Политички, островотите се поделени меѓу Микронезија и Палау. Историски, островите биле именувани како Нови Филипини (Nuevas Filipinas)[1] бидејќи островите биле дел од Шпанската империја и биле управувани од гувернерот во Манила, Филипините.

Распространетост[уреди]

Островската група е составена од околу 500 корални острови. Островите се наоѓаат северно од Нова Гвинеја и источно Филипините. Јап е еден од најголемите острови во архипелагот и тој е одделен од Манила околу 1200 км. Повеќето од островите се ниски, односно со мала надморска височина.

Култура[уреди]

Локалното население се дел од микронезиските народи и на островите се зборуваат јапски, понпејски, чучки, каролински, косраеански и палуански јазик. Покрај овие на островите има и малцинско јапонско и филипинско население.

Главно занимиња на луѓето е хортикултурата и риболовството. Архитектурата на островите се базира на локални материјали, меѓу нив и кокосови дрва и листови за покривање. Трговски јазик на островите е англискиот. Доминантна религија е Христијанството.

Наводи[уреди]

Користена литература[уреди]

Поврзано[уреди]