Хрватско Загорје
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
- За други употреби, видете Загорје
Хрватско Загорје (хрв. Hrvatsko zagorje) е културно-историско а воедно и географски регион северно од Загреб, Хрватска. Се состои од целата област северно од планината Медведница, до Словенија на север и запад, и до регионите Меѓимурје и Подравина на север и исток. Загорје било поделено на Крапинско-загорска жупанија и дел од Вараждинската жупанија по основањето на независна Република Хрватска. Хрватите овој регион обично го нарекуваат „Загорје“. Меѓутоа регион со вакво име има и во Словенија, па затоа хрватскиот дел правилно се нарекува „Хрватско загорје“. Ако земеме в предвид лингвистички и други фактори, можеме да речеме дека и престолнионата Загреб спаѓа во Загорје.
Главен град на Загорје е Крапина. Често се вели дека овој град е културната престолнина на Кајкавското наречје (хрватски дијалект). Секоја година во Крапина се одржува фестивал наречен Фестивал кајкавске попевке. Кајкавското наречје на хрватскиот е многу слично на словенечкиот јазик.
|
|
|||||||