Дејвид Ливингстон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дејвид Ливингстон

Дејвид Ливингстон (19 март 1813 - 1 мај 1873), бил шкотски доктор, мисионар и истражувач на Африка. Во периодот од 1841 до 1873 година, открил и испитал пространи области на јужна, источна и централна Африка и најмногу придонел за нејзиното истражување.

Прв ја истражил, од 1849, пустината Калахари и басенот на реката Замбези и ги открил Викторините водопади, а потоа езерото Њаса (Малави). Во 1867 го открил и извориштето на реката Конго. Според него се именувани и Ливингстоновите водопади во долниот тек на реката Конго, помеѓу градовите Матади и Киншасе во источен Конго.

Во последните години од неговиот живот, додека ја истражувал источна Африка, долго би му се изгубил секој траг од неговите експедиции, па така во 1871 експедицијата на Хенри Мортон Стенли, го пронашла на источниот брег на езерото Тангањика, на пат кон извориштето на реката Нил.

Починал на 1 мај, 1873 како најголем британски истражувач погребан е во Вестминстерската катедрала во Лондон.Тој бил познат како најпознат истражувач на Африка,и затоа близу Викториините водопади има споменик во негова чест