Преторија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Центарот на Преторија.

Преторија е град кој се наоѓа во северниот дел на провинцијата Гаутенг во Јужноафриканската Република. Тој е еден од главните градови на земјата, односно административен главен град; другите два глави града се Кејптаун и Блумфонтејн, легислативна и судска престолнина, соодветно. Преторија е дел од метрополитенската општина Тшване, како една од неколкуте поранешни администрации (заедно со Сентурион и Сошангуве), па затоа понекогаш погрешно се именува како Тшване.

Преторија има околу еден милион жители (или два милиони, доколку се вклучи и целата Тшване метрополитенска општина). Главни јазици кои се зборуваат во Преторија се цвана, ндебеле, африканс и англиски.

Преторија е важен индустриски центар, со тешка индустрија која вклучува преработка на железо и челик, како и производство на автомобили, железнички шини и машинерија. Градот учествува со околу 8,55% од вкупниот БДП на земјата, правејќи го притоа третиот најголем придонесувач за развојот на економијата, по Јоханесбург и Кејптаун.