Алжир (град)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Алжир со местоположбата на градот Алжир.
Сателитска снимка на провинцијата Алжир.

Алжир (на арапски: الجزائر al-Jazāʼir, буквално "островите"; берберски: Ldzayer) е главен град и најголем град во Алжир во Северна Африка. Според пописот од 1998, населението на градот изнесувало 1,519,570, додека вкупниот број жители во агломерацијата бил 2,135,630. Прекар на градот е al-Bahjah (البهجة) или Alger la Blanche ("белиот Алжир"), поради белите згради кои се гледаат од морето. Алжир се наоѓа на западната страна на залив на Средоземното Море. Името на градот е резултат на неговата местоположба на слаповите на Сахел, верига од ридови паралелни со брегот.

Модерниот дел од градот е изграден на бреговите на Медитеранот, додека стариот дел е на ридовите. Стариот дел го краси цитадела.

Надворешни врски[уреди]