Банги

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Местоположбата на Банги

Банги, Централноафриканска Република

Површина 67 km²
Население 531,763
Административна поделба Банги
Основан 1889
Градоначалник Жан-Баркес Гомбе-Кете
Координати: 4°22′0″С, 18°35′0″И

Банги е главен и најголем град во Централноафриканската Република. Мнозинството од населението на оваа република живее во западните делови од државата, близу Банги.

Банги се наоѓа на северните брегови на реката Убанги, по серија од брзаци кои го ограничуваат водениот сообраќај. Реката Убанги свртува остро на југ под Банги и се влева во реката Конго, јужно од екваторот близу Бразавил, како една од главните северни притоки. Реката ја обележува границата помеѓу Централноафриканската Република и Демократската Република Конго. Конговскиот град Зонго е сместен на спротивната страна од Банги, на другиот брег од реката.

Градскиот центар лежи близу реката и во него се наоѓаат големата триумфална арка посветена на Бокаса, Претседателската Палата и централниот маркет.

Банги бил основан во 1889 година во она што тогаш било француска колонија Горен Убанги, подоцна преименувана во Убанги-Шари, дел на Француска Екваторијална Африка.

Универзитетот во Банги, основан во 1970 година има околу 2900 студенти и го монополизира неземјоделското факултетско образование во Централноафриканската Република.