Убанги

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Реката Убанги во предградие на Банги

Убанги (француски: Oubangui) e крупна притока на реката Конго во Централна Африка. Се смета дека започнува со спојувањето на реките Бому и Уеле, тече западно околу 350 км, потоа се спушта југозападно, поминува низа Банги, и потоа тече околу 500 км до Конго. Реката е долга околу 1120 километри.

Заедно со реката Конго, претставува важна транспортна артерија за речни бродови помеѓу Банги и Бразавил.

Од нејзиниот почеток па се до 100 км под Банги, Убанги ја дефинира границата помеѓу Централноафриканската Република и Демократската Република Конго. Понатаму, ја формира границата помеѓу ДР Конго и Република Конго и се влева во реката Конго.

Предложен е план за да се пренасочат водите на Убанги кон реката Шари, која се влева во езерото Чад. Според планот, водата од Убанги би го ревитализирала езерото и би овозможила подобри животни услови преку рибарство и подобро земјоделство за десетици милиони централни Африканци и Сахелијанци. Меѓубасенски водни трансферни шеми биле предложени во 80тите и 90тите од страна на нигерискиот инженер Џ. Умолу (ZCN Scheme) и италијанската фирма Бонифика (Transaqua Scheme). Во 1994, Комисијата за басенот на езерото Чад предложила сличен проект, и на самитот во март 2008, претседателите на земјите членки на Комисијата се сложиле за проектот за пренасочување. Во април 2008, нарачана е физибилити студија од Светската банка.