Северен Кејп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Северен Кејп
Noord-Kaap
Mntla-Koloni
Површина 361,830 km²
Население 822,726
Јазици: африканс (70%)
цвана (20%)
коса (6,5%)
Раси: обоени (51,6%)
црнци (35,7%)
белци (12,4%)
Азијати (0,3%)
Главен град: Кимберли
Најголем град: Кимберли
Премиер: Елизабет Дипуо Петерс
(АНК)
Местоположбата на Северен Кејп

Северен Кејп е голема, но ретко населена покраина во Јужноафриканската Република. Таа е создадена во 1994 година, кога покраината Кејп беше разделена. Седиште на Северен Кејп е Кимберли.

Оваа покраина го вклучува и меѓуграничниот национален парк Калахари-Гемсбок, кој се простира и во Боцвана. Исто така ги вклучува и водопадите Ауграбис и регионите со рудници за дијаманти во Кимберли и Алекзандер Беј. Регионот Намакваланд (на запад) е познат по намакваландските Бели Ради. Градовите Де Ар и Колсбург (на југ) се дел од Големиот Кару и се главни транспортни јазли меѓу Јоханесбург, Кејптаун и Порт Елизабет. Реката Орање тече низ покраината, формирајќи ја границата со покраината Фристејт (на југоисток) и со Намибија (на северозапад). Оваа река се користи најмногу за наводнување на многу лозови насади блиску до Апингтон. Таа е мошне важна за оваа сува покраина. Куруман е познат по "окото" на Куруман.