Фри Стејт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фри Стејт
Vrystaat
Foreistata
Површина 129,480 km²
Население 2.706.776
Јазици: сото (62%)
африканс (14%)
коса (9,5%)
Раси: Црнци (88,0%)
Кавкази (8,8%)
Обоени (3,1%)
Азијати (0,1%)
Главен град: Блумфонтејн
Најголем град: Блумфонтејн
Премиер: Беатрис Маршоф
(АНК)
Местоположбата на Фристејт

Фри Стејт (англиски: Free State, „слободна држава“) е покраина во Јужноафриканската Република. Претходното име на оваа покраина било Оринџ Фристејт (Orange Free State). Седиште на Фристејт е Блумфонтејн, кој е исто така и судскиот главен град на ЈАР. На 9 јуни, 1995 година, името на покраината беше сменето од Оринџ (Орање) Фристејт во Фристејт. Сегашните граници на Фристејт се од 1994, кога Бантустанците беа приклучени кон покраините на Јужна Африка.

Фристејт е сместен на рамнина, во срцето на Јужноафриканската Република. Почвата е плодна, а климата поволна, дозволувајќи солиден развој на земјоделска индустрија. Покраината е позната како "корпата за леб" на ЈАР, бидејќи постојат над 30.000 фарми кои произведуваат преку 70% од вкупното производство на пченица во земјата. Во овој дел од ЈАР се наоѓаат некои од најпродуктивните рудници за злато и дијаманти во светот.