Зулу

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Зулу
isiZulu
Зборуван во Знаме на ЈАР ЈАР
Знаме на Зимбабве Зимбабве
Знаме на Лесото Лесото
Знаме на Малави Малави
Знаме на Мозамбик Мозамбик
Знаме на Свазиленд Свазиленд
Регион Квазулу-Натал, Дурбан, Јоханесбург
Вкупно говорници мајчин: 10 милиони
втор јазик: 16 милиони
Ранг 68
Семејство нигер-конгоанско
Официјален статус
Службен во Знаме на ЈАР ЈАР
Регулативен орган Панјужноафрикански јазичен совет
Јазични кодови
ISO 639-1 zu
ISO 639-2 zul
ISO 639-3 zul

Зулу (isiZulu) е банту-јазик, официјален јазик во Јужноафриканската Република и мајчин јазик на народот Зулу. Јазикот го зборуваат околу 10 милиони луѓе, воглавно во Јужноафриканската Република. Овој јазик е јазик кој најмногу се зборува по домаќинствата во државата, односно го зборуваат околу 24% од домаќинствата и го разбираат околу 50% од населението на државата. Во 1994 година јазикот станал единаесети официјален јазик во Јужноафриканската Република. Зулу, како и сите останати банту-јазици, користи латиница како свое основно писмо.

Содржина

[уреди] Географска распространетост

Зулу припаѓа на Југоисточната група на банту-јазиците поточно на групата нгуни. Јазикот се зборува во Квазулу-Натал во која 81 % од населението зборуваат Зулу како мајчин јазик. Потоа се зборува во Мпумаланга со околу 26% и Гаутенг со околу 21%. Исто така е зборуван во некои други африкански држави, но со значителен процент во Лесото и Свазиленд. Јазиците Ндебеле (зборуван во Зимбабве), Сисвати или Свази и Нгуни јазикот (порано зборуван во Малави) се сродни јазици на Зулу и развиени од 19 век со миграција на Зулу население. Јазикот Коса, доминантен во Зеленортската Република е сличен со Зулу јазикот.

[уреди] Примери

Sawubona Здраво, на една личност
Sanibonani Здраво, на група луѓе
Unjani? / Ninjani? Како си? / Како сте?
Ngisaphila / Sisaphila Добар сум. / Добри сме.
Ngiyabonga (kakhulu) Благодарам (многу)
Ngubani igama lakho? Како се викаш?
Igama lami ngu... Моето име е...
Isikhathi sithini? Колку е часот?
Ngingakusiza? Може да помогнам?
Uhlala kuphi? Каде престојуваш?
Uphumaphi? Од каде си?
Hamba kahle / Sala kahle Оди со добро / Остани со добро (исто како „пријатно“ за една личност)
Hambani kahle / Salani kahle Оди со добро / Остани со добро (исто како „пријатно“ за група личности)
Eish! леле!
Hhayibo Не! / Доста! / Нема шанси!
Yebo Да
Cha Не
Angazi Не знам
Ukhuluma isiNgisi na? Дали зборуваш англиски?
Ngisaqala ukufunda isiZulu Штотуку почнав да учам Зулу.

[уреди] Користена литература

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици