Свазиленд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Свазиленд
Umbuso weSwatini
Знаме Грб
Гесло„Siyinqaba“ (свази)
„Ние сме крепост“

„Ние сме мистерија/загатка“ „Ние се криеме самите“
ХимнаNkulunkulu Mnikati wetibusiso temaSwati
Главен град Лобамба (кралски и законодавен)
Мбабане (административен)
26°19′ ЈГШ 31°08′ ИГД / 
Најголем град Мбабане
Службен јазик англиски, свази
Демоним Свазиец
Уредување Апсолутна монархија
 -  Крал Мсвати III
 -  Индловукази Кралица Нтомби
 -  Премиер Барнабас Сибусисо Дламини
 -  Потпретседател на влада Констанс Симелане
Независност
 -  од Обединетото Кралство 6 септември 1968 
Површина
 -  Вкупна 17,364 км2 (157ма)
 -  Вода (%) 0.9
Население
 -  проценка за 2007 1.141.0001 (154та)
 -  Попис 2004 1,1 милиони 
 -  Густина 59 жит/км2 (135та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007
 -  Вкупен $5,501 милијарди[1] 
 -  По жител $5.401[1] 
БДП (номинален) проценка за 2007
 -  Вкупно $2,890 милијарди[1] 
 -  По жител $2.837[1] 
Џини (1994) 60,9 (висок
ИЧР (2007) 0.547 (среден) (141ва)
Валута Лилангени (SZL)
Часовен појас (UTC+2)
Се вози на лево
НДД .sz
Повик. бр. 268
1. Проценките за оваа држава експлицитно ги земаат предвид ефектите на преголемата смртност поради сидата; ова може да резултира во пониска просечна старост, поголеми проценти на смртност кај новороденчињата, пониски проценти на раст на населението и промени во половиот сооднос отколку што би се очекувало во нормални услови.

Кралството Свазиленд (свази: Umbuso weSwatini) е држава во Јужна Африка. Свазиленд се граничи со Јужноафриканската Република на север, југ и запад а додека на исток се граничи со Мозамбик. Нацијата и државата се именувани по кралот од 19 век Мсвати II.

Свазиленд бил населен постојано уште од праисторијата. Денес, населението е дел од банту црнците наречени Свазијци. До Втората Светска Војна, Свазиленд бил протекторат на Обединетото Кралство и државата се изборила за независност во 1968. Свазиленд е членка на Јужноафриканската заедница за развој, Африканската Унија и Комонвелтот на нации.

Економијата на Свазиленд е воглавно базирана на земјоделството. Земјата се соочува со епидемија на СИДА и ХИВ, што ја прави земјата прва во светот со најмногу случаеви на инфекција.

Етимологија[уреди]

Името на државата доаѓа од кралот на Свазиленд Мсвати I. Како и да е, името Нгване е алтернативно име за државата.

Историја[уреди]

Карта на протекторатот Свазиленд.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Свазиленд.

Артефактите индицираат човеково населување на Свазиленд уште од каменото доба, пред 200.000 години. Праисториските карпести уметности датираат од 25 000 година и продолжуваат се до 19 век.

Најраните жители на оваа територија биле познати како ловците Коисан. Докази за употреба на железо и обработка на земјата има од 4 век и денешните народи, Сото и Нгуни, биле доселени во 11 век. Народот познат како Свази се доселиле во 15 век.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Свазиленд.
Wz-map.gif

Свазиленд е мало кралство кое не излегува на море. Свазиленд на север, запад и југ се граничи со Јужноафриканската Република и на исток се граничи со Мозамбик. Иако територијата на Свазиленд има 17.364 километри квадратни, кралството е поделено на четири географски региони.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Свазиленд.

На чело на Свазиленд е кралот или локално именуван како „нгвенјама“ (Ngwenyama ) што во превод значи лав. Моментален крал на Свазиленд е Мсвати III кој го наследил тронот по смртта на неговиот татко кралот Собхуза II. Традиционално, кралот владее со неговата мајка или пак со нејзина замена наречена ндловукати („слоница“). Кралот именува премиер на Свазиленд и членови на парламентот. Сентатот се состои од 30 членови, додека парламентот се состои од 65 членови. Избори во Свазиленд има секои пет години во месец ноември.

Административна поделба[уреди]

Карта на окрузите во Свазиленд

Свазиленд е поделен на 4 окрузи.[2] Окрузите потоа се делат на 55 околии („инкундли“), а тие пак, на главатарства („умфакација“).

Регионите се следниве:

  1. Лубомбо
  2. Манзини
  3. Хохо
  4. Шиселвени

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Свазиленд.

Економијата на Свазиленд е составена од различни стопански гранки, па така има: земјоделство, шумарство и рударство со 13 % од БНП, индустриско производство со околу 37 % и услуги со околу 50 % од БНП.

Голем број од населението е вработено, околу 75 %. Во Свазиленд во подем е производсвото на текстил и земјоделски продукти.

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Свазиленд.
Традиционални куќи во Свазиленд.

Поголемот број од населението на Свазиленд се етнички свази, со мал процент на мешано население со белци. Во последно време во Свазиленд се доселуваат емигранти од Мозамбик и доселеници од Португалија. Најголема религија во Свазиленд е христијанството, но сепак тоа помешано со локални верувања и обичаи.

Јазик[уреди]

Јазикот свази (сисвати) е дел од групата на банту-јазици кој се зборува во Свазиленд и ЈАР. Јазикот го зборуваат околу 2,5 милиони луѓе и се учи во училиштата. Тој е службен јазик во Свазиленд, заедно со англискиот и е еден од 11-те службени јазици на ЈАР.


Религија[уреди]

Најголемата религија во Свазиленд е христијанството со околу 82,7% од вкупното население.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо
Туризам


Друго

Наводи[уреди]