Порт Елизабет

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Порт Елизабет (африканс: Port Elizabeth; коса: Ibhayi) е град во Јужноафриканската Република, лоциран во провинцијата Источен Кејп, на 33°58′Ј, 25°36′И . Градот се наоѓа на брегот Алгоа и е еден од главните пристаништа во ЈАР.

Порт Елизабет е местото каде се наоѓа познатиот и успешен Нелсон Мандела Метрополитен Универзитет, формиран во 2005 година.

Од 1998, Порт Елизабет бил во пријателство со шведскиот град Готенбург, притоа развивајќи заеднички полиња на интерес како менаџмент на цврст отпад, јавни библиотеки, спорт и туризам.

Во 2000, Порт Елизабет постана шестиот сестрински град со Џексонвил од Флорида.

Историја[уреди]

Порт Елизабет, често нарекуван само "ПЕ" или според својот прекар "пријателскиот град" или "ветровитиот град", бил основан во 1820 година од страна на Сер Руфан Донкин, гувернерот на Кејп колонијата. Тогаш градот бил населен со 4,000 британски колонисти. Новото пристаниште тие го именувале по жената на Донкин - Елизабет. Британците изградиле концентрационен логор на ова место за време на Втората Бурска војна за да ги чуваат бурските жени и деца.