Римски период

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Со појавата на личноста на Филип V и со неговите амбиции за враќање на сјајот на македонската држава, всушност почнува и нејзината деклинација. Јакнењето на Римјаните и нивната доминација на Јадранот со делови од Илирија било причина Филип V да стапи во сојуз со Картагина и да започне да освојува територии северо-западно од Македонија т.е. делови од Илирија (217 г.). Тоа резултирало со постепено освојување на Македонската држава од страна на Римјаните проследено во 3 Римско-македонски војни.

  • I Римско-македонска војна (215-205 г.)
  • II Римско-македонска војна (200-197 г.)
  • III Римско-македонска војна (171-168 г.)

По поразот на македонската војска во битката кај Пидна 168 г. Римјаните ќе и понудат на Македонија ограничена зависност. Во следниот период Македонија Ќе биде поделена на 4 мериди (области), за во 148 година да ја изгуби и делумната независност и да биде претворена во римска колонија. Во текот на следните векови територијата на Балканот, вклучувајЌи ја тука и Македонија, Ќе доживее неколку административни реформи што ќе резултира со поделба на Македонија во 4 век на две провинции: Македонија I (Macednoia Prima) со центар во Солун и Македонија II (Macedonia Secunda) со центар во Стоби. Во оваа поделба најголемиот дел од територијата на денеШна Република Македонија Ќе се најде во Македонија II.

Со зацврстување на Римската власт (1-2 век н.е.) на овие простори започнува урбанизација на старите (Стоби, Лихнид итн.) и основање на нови градови (Баргала, Скупи итн.) од страна на Италци и воени ветерани. Експлоатацијата на благородните метали и развитокот на патната мрежа (егнатискиот пат, вардарската магистрала и трасата Хераклеа-Стоби-Пауталија) ќе доведе до голем економски и културен подем на овие простори.

Покрај развојот на индустријата и трговијата неизбежни се и влијанијата во културниот и духовниот живот за што ни сведочат остатоците од материјалната култура која ја следиме покрај во движните археолошки наоди (стакло, керамика, метал, накит) и во остатоците од архитектурата (театри, терми, форуми, водовод, канализација, градски улици, стамбени објекти и др.). Сето ова ни е овозможено благодарение на извршените опсежни истражувања на повеќе локалитети од римскиот период во Република Македонија: Стоби-Градско, Баргала-Штип, Скупи-Скопје, Хераклеа-Битола, Лихнид-Охрид, Стибера-Чепигово.

Библиографија:

  • Археолошка карта на Република Македонија, том I, МАНУ, Скопје 1994
  • Археолошка карта на Република Макледонија, том II, МАНУ, Скопје 1994
  • Микулчиќ, И., Старо Скопје со околните тврдини, Скопје 1982
  • Микулчиќ И., Антички градови во Македонија, Скопје 1999
  • Соколовска, В., Античка скулптура во СР Македонија, Скопје 1987
  • Mikulcic, I., Pelagonija u svetlosti arheoloskig nalaza, Beograd 1966
  • Папазоглу Ф., Македонски градови у Римско доба, Скопје, 1957