Лион

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

45°45′35″N 4°50′32″E / 45.759723°N 4.842223°E / 45.759723; 4.842223

Лион

Гесло: Avant, avant, Lion le melhor.
(„Напред, напред, Лионе најдобар“)

Lyon vue depuis fourviere.jpg
Лион со стариот град во преден план
Знаме на Лион
Грб на Лион
Знаме Грб
Лион во рамките на Франција
Лион
Управа
Земја Франција
Регион Рона-Алпи
Департман Рона
Округ Лион
Кантон главен на 14 кантони
Поделба 9 окрузи
Општ. заедница Градска заедница Лион
Градоначалник Жерар Коломб (СП)
(2008–2014)
статистики
Надм. вис. 162–305 m (530–1.000 ft)
Површина1 4.795 km2 (1,851 sq mi)
Население2 480,660  (2007)
 - Ранг 3ти
 - Густина 10 /km2 (26 /sq mi)
Урбана област 95.419 km2 (36,841 sq mi) (1999)
 - Население 1.422.331 (2007)
Метро. област 3.306 km2 (1,276 sq mi) (2006)
 - Население 1.757.180 (2007)
Часовна зона CET (GMT +1)
INSEE/Пошт. бр. 69123/ 69001-69009
Мреж. место lyon.fr
1 Податоци од Катастарот на Франција. Не се вбројуваат езера, бари, глечери и речни утоки поголеми од 1 км².
2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш.

Лион (француски: Lyon, франкопровансалски: Liyon) е град во источниот дел на средна Франција. По број на жители Лион е трет град по големина, зад Париз и Марсеј, додека со околните урбани предели,ја сочинува втората по големина агломерација во Франција, зад париската. Лион е голем бизнис центар сместен помеѓу Париз и Марсеј и има репутација на Француски центар на гастрономијата и има значаен придонес во развојот на кинематографијата.

Лион е главен град на департманот Рона и регионот Рона-Алпи. Познат е и по историските и архитектонски знаменитости и е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Историски Лион е познат и како светски главен град на свилата. Седиште е и на меѓународната полициска организација Интерпол и медиунската мрежа Еуроњуз (Euronews).


Содржина

[уреди] Историја

Лион бил основан на ридот Фурвие, како Римска колонија во 43 г п.н.е. од Мунаци Планк, поручникот на императорот Цезар. Првичното име на Лион било(Lugdunum) што значело «рид на светлината». Агрипа спознава дека позицијата на Lugdunum е исклучително поволна како комуникациска врска помеѓу северниот и јужниот дел и ја определил како почетна точка на римските патишта низ Галија.Тој тогаш станува главен град на Галија, пред се благодарејќи на својата поволна положба, сместен на две пловни реки, и со тоа го добива епитетот најзначаен град во тогашната Римска провинција.

Двајца императори се родени во овој град, Клавдиј и Каракала. Денес лионската епископија сè уште се повикува на „приматот на Галија“ како „престолнина на Галија“.

Христијанството во Лион било прогонувано од страна на Римските императори, највеќе од Марко Аурелиј и Септимиј Север.

Големиот Христијански епископ Иринеј Лионски умрел маченички, бранејќи ги тезите на Христијанството.


Кон крајот на 15-ти век Лион постанува банкарски центар во Франција, каде што подоцна се отвора и првата берза во 1749. Дури во Ренесансата во Лион започнува да се развива и индустријата за свила, пред се поради влијанието од Италија. Благодарение на индустријата со свила, во 19-тиот век Лион станува важен индустриски центар во Франција.


За време на Француска револуција Лион е против националниот конвент и ги подржува Жирондинците. Во 1793 градот бил под опсада два месеци, од страна на Револуционерната армија. Повеќе од 2000 луѓе биле егзекутирани и повеќе згради биле уништени. Деценија подоцна Наполеон Бонапарта се обврзал да ги реконструира сите згради уништени во тој период.

Реката Сона во Лион видена од мостот La Feuillée
Плоштадот Bellecour,центарот на Лион
Типичен ресторан во Лион


Лион бил центар на Германците во текот на Втората светска војна, а исто така и центар на Францускиот отпор против окупацијата.


[уреди] Географија

Лион лежи на реките Сона и Рона и со нивното спојување го формираат полуостровот Presquîle,над градот има два големи рида,еден на запад,а другиот на север од историскиот градски центар.

Плоштадот Bellecour е лоциран на полуостровот Presquîle,помеѓу реките Рона и Сона и тој е трет по големина плоштад во Франција и еден од најголемите во Европа.Тој воедно е и еден од најотворените плоштади(без поголеми зеленила,дрвја,или било какви препреки) во Европа.

Источно од полуостровот Presquîle се простира голема површина,каде се сместени многу модерни објекти во Лион,и таму населеноста е најголема.Во урбаниот центар се наоѓа и девтетата највисока зграда во Франција сопственост на банката Кредит Лион.

Северно од градот се наоѓа и еден од најголемите урбани градски паркови во Европа,"Паркот на Златната Глава",во паркот се наоѓа и зоолошка градина.



[уреди] Култура

Во Средниот век, Арпитанците - жителите на тој регион - зборувале арпитански јазик. Лионскиот дијалект бил заменет постепено со францускиот јазик. Како и да е,дијалектот сѐ уште е жив и може да се чуе во Лион. Во Лион уште во 16-тиот век е започнато со печатење на книги и дела од многу поети и научници.

Браќа Лимиер го промовираа киното во 1895 година.Музејот Лимиер денес содржи многу од нивните изуми и пронајдоци од светот на филмската индустрија.

Во лиеон секоја година на 8 декември се одржува фестивал на светлината (La Fête des lumières),во често на Богородица Марија. За време на фестивалот градот блеснува во светлина,и сите значајни историски објекти добиваат илуминација во многу бои и форми.

Црквата- Saint Francis de Sales е позната по својата убава архитектура.

Африканскиот музеј во Лион е еден од најстарите музеи.


[уреди] Гастрономија

Векови наназад Лион е познат како Француски центар на гастрономијата,а фактот што некои од најдобрите готвачи потекнуваат од Лион го потврдуваат тоа.Исто така и некои од најпрочуените Француски винови насади се наоѓаат во близина на Лион,како Божоле,(северно) и Брегот Рона,(јужно). Божоле виното е многу популарно во градот.


Во градот се наоѓаат и типични ресторани кои се нарекуваат (Bouchon),каде што се служат традиционални јадења и вина.

[уреди] Знаменитости

[уреди] Згради

  • Плоштадот Белкур
  • Металната кула Фурвјер (1894)
  • Музеј на убавите уметности
  • Катедрала Св. Јован (Сен-Жан)
  • Богородична базилика (Нотр-Дам)
  • Национална опера
  • Базилика Св. Мартин Енејски (Сен-Мартен д'Ене)


[уреди] Паркови и градини

  • Jardin botanique de Lyon (Ботаничка градина Лион)
  • Parc de la Tête d'Or (Паркот на Златната Глава)


[уреди] Образование

Во Лион постојат поголем број на основни,средни школи,како и високо образовни институции,факултети.

  • Европска трговска школа
  • Виша школа за хемија, физика и електроника
  • Централна школа
  • Католичка школа за уметност и занает
  • Школа за деловно раководење
  • Установа „Шартре“
  • Универзитет „Клод Бернар“
  • Универзитет „Лимиер“
  • Универзитет „Жан Мулен“
  • Институт за раководење со претпријатија - Универзитет „Клод Бернар“
  • Католички универзитет
Андре-Мари Ампер роден во Лион (1775-1836)


[уреди] Транспорт

[уреди] Воздух

Од воздух до Лион може да се стигне преку аеродромот Lyon-Saint Exupéry Airport,кој е лоциран на 20 км. источно од Лион,и на него се одвиваат регионални и меѓународни летови.Аеродровот е поврзан со ТЖВ(TGV) железничка линија со градот.

[уреди] Железница

Лион е поврзан со север (Лил,Париз,Брисел) и со југ (Марсеј,Монпелие преку ТЖВ. Лион е првиот град поврзан со Париз преку ТЖВ.

[уреди] Патишта

Градот е поврзан преку многу магистрални патишта со поголемите градови во Франција. A6 со Париз,А7 со Марсеј,А42 со Женева,А43 со Гренобл итн.

[уреди] Јавен транспорт

Лион располага со квалитетен јавен превоз,а услугата се состои од метро,транвај,автобуси,тролејбуси итн.


[уреди] Спорт

Стадионот Жерлан

Лион е дом на Ligue 1 фудбалскиот тим Олимпик Лион (Olympique Lyonnais), или скратено познат како «Лион» или ОЛ.Тимот ужива голема популарност, посебно поради фактот што ги освоил последните седум шампионски титули во Француското првенство. Капитенот на тимот Жунињо Пернамбукано е еден од неколкуте Бразилци во тимот, освојувајќи многу успеси со тимот. Тимот е редовен учесник во Лигата на Шампионите на УЕФА.Олимпик Лион игра на стадионот Жерлан (Stade de Gerland)со капацитет од 41,000 гледачи. Тимот планира да се пресели на новиот стадион којшто треба да се изгради, во областа Décines-Charpieu, кој ќе има капацитет од над 65.000 гледачи. Лион истотака има и рагби тим Lyon OU. Вилербан, предградието на Лион е дом на кошаркарскиот тим ASVEL.


[уреди] Луѓе од Лион



[уреди] Збратимени градови

Лион е збратимен град со:

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици