Фор де Франс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Фор де Франс
Fort-de-France

Fort-de-France-baie.jpg
Fort-de-France 972.PNG
Местоположба (црвено) во Мартиник
Управа
Земја Франција
Прекуморски регион и департман Мартиник
Округ Фор де Франс
Општ. заедница Центар на Мартиник
Градоначалник Серж Лечими
(2008–2014)
Статистики
Надм. вис. 0–1070 м
Површина1 44,21 км²
Население2 91.249 жит.  (2007)
 - Густина 2064 жит/км²
Часовен појас UTC-4
INSEE/Пошт. бр. 97209/ 97200
1 Податоци од Катастарот на Франција. Не се вбројуваат езера, бари, ледници и речни утоки поголеми од 1 км².
2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш.
Утврдувањето Сен Луј

Фор де Франс (француски: Fort-de-France) е главен град на прекуморски департман Мартиник во состав на Франција и еден од главните на Карибите. Извезува шеќер, рум, конзервирано овошје и какао.

Географија[уреди]

Градот е расположен на западниот брег на островот, кај северниот приод на голем залив и крај устието на реката Мадам. Сместен е во тесна рамница помеѓу ридовите и морето, но сепак е патно поврзан со сите делови на островот.

Историја[уреди]

Во 1638 г., Жак Дјел ди Парке (1606-1658), како прв управник на Мартиник, решил да го изгради утврдување „Сен Луј“ за да го заштити градот од напади. Упориштето набргу било разурнато и преизградено во 1669, со кога кралот Луј XIV го назначил Маркизот од Ба за генерален управник. По наредба на маркизот и неговите наследници (особено грофот од Бленак), утврдувањето е изградено според проект на славниот војсководец Вобан.

Административниот центар на Мартиник најпрвин го носел името Фор Ројал (Fort-Royal), но бил засенет од градот Сен Пјер како најстар град на островот и негов стопански и културен центар (наречен „Париз на Карибите“). За време на Француската револуција, градот го добил името „Фор Ла Републик“ (Fort-La-Republique), за во XIX век конечно да биде наречен Фор де Франс. Старото име Фор Ројал и денес опстојува во разговорниот јазик, во креолскиот облик „Фојал“, а неговите граѓани се нарекуваат фојалци (Foyalais).

Градот два пати страдал од катастрофи: од земјотрес во 1839 и пожар во 1890. На почетокот на XX век, Фор де Франс добил на стопанско значење, со уништувањето на градот Сен Пјер во ерупцијата на вулканот Пеле. Но и покрај стопанската важност, градот никогаш не го достигнал културниот престиж на уништениот град.

Поморска база[уреди]

Утврдувањето Сен Луј во Фор де Франс е поморска база на француската морнарица.

Знаменитости[уреди]

Покрај Сан Луј, постојат уште три други утврдувања:

  • Десе
  • Тартансон
  • Жербо

Други места од интерес:

  • Плоштад „Саван“
  • Библиотека „Шелхер“
  • Ботаничка градина на Балата
  • Црква Свето Срце на Балата - инспирирана од париската базилика со исто име
  • Катедрала на Фор де Франс

Во градските градини стои статуа на царицата Жозефина, сопругата на Наполеон Бонапарт, која е родена на Мартиник.

Транспорт[уреди]

Во предградие на Фор де Франс е сместен меѓународниот аеродром „Еме Сезер“ - Мартиник.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]