Лоарски Крај
| Лоарски Крај Pays de la Loire |
|||
|---|---|---|---|
| — Регион на Франција — | |||
|
|||
| Земја | Франција | ||
| Префектура | Нант | ||
| Департмани | |||
| Управа | |||
| • Претседател на советот | Жак Оксиет (PS (Социјалистичка партија)) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 32.082 км2 | ||
| Население (2009-01-01) | |||
| • Вкупно | 3.553.353 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| NUTS | FR5 | ||
| Портал | paysdelaloire.fr | ||
Лоарски крај (француски изговор: [pɛ.i də la lwaʁ]) е еден од 27-те региони во Франција. Тој е еден од регионите создадени во доцниот 20 век за да му служи како зона на влијание на неговиот главен град, Нант, односно, еден од оние региони наречени ’’метрополи на баланс’’(métropoles d'équilibre) исто како Рона-Алпи, регион создаден заради градот Лион, и Југ-Пиринеи, создаден заради Тулуз.
Содржина |
Историја [уреди]
Лоарскиот Крај е создаден од следниве историски провинции:
- дел од Бретања, со нејзината стара престолнина Нант во департманот Лоара-Атлантик. Ова е само 20% од Бретања. Останатите 80% се дел од регионот Бретања
- Анжу: со департманот Мен и Лоара. Целата поранешна провинција Анжу денес се содржи во Лоарскиот Крај.
- Мен: денес поделена провинција на департманите Мајен и Сарт. Старата провинција Мен целосно се содржи во регионот.
- дел од Поату: се содржи во департманот Ванде. Поголемиот дел од старата провинција Поату денес се наоѓа во регионот Поату-Шаранта.
- дел од Перш: се наоѓа на североисток во департманот Сарт. Остатокот од Перш е во регионите Долна Нормандија и Центар.
- мал дел од Турена: североисток во департманот Мен и Лоара. Поголемиот дел од Турена денес се наоѓа во регионот Центар.
Оттука, името на регионот, избрано од страна на француската извршна власт, не се базирало на историјата, туку само на географски одредници: Pays (односно "земји") de la Loire (односно "на Лоара"). Сепак, поголемиот дел на познатите замоци по долината на Лоара се наоѓаат во регионот 'Центар а не во Лоарски крај.
Географија [уреди]
Регионот Лоарски Крај се протега на површина од 32.082 km². Името го носи по реката Лоара која минува низ дв од неговите департмани пред да се влее во Атланскиот океан. Последните нејзини притоки го напојуваат регионот. Тоа се реките Лоар, Сарт и Мајен кои се здружуваат за да ја формираат реката Мен во Анжер, реката Ердр, на север ; реката Туе и Нантска Севра на југ. Вкупно во регионот има 18.000 километри водни текови. Релљефот на регионот претежно е долина. Највисока точка е планината Авалоар (417 метри). Регионот го заплискува Атланскиот океан во должина од 368 километри и поседува два поголеми острова – островот Ноармутје и островот Ил д`Ие. Брегот е на некои места е марпест а некаде песоклив, особено кај устието на Лоара. Во однос на површината, регионот е петти по големина во Франција зад Југ-Пиринеи (1), Рона-Алпи (2), Аквитанија (3), Центар (4)).
Демографија [уреди]
Жителите на Лоарски Крај се нарекуваат Лигеријци (Ligériens)[1]. На 1 јануари 2008, населението во Лоарски Крај броело 3.510.170 жители[2]. Населението е поконцентрирано околу седумте поголеми урбани зони со повеќе од 100.000 жители како : Нант, Анжер, Ле Ман, Ла Рош-сир-Јон, Шоле, Сен-Назер и Лавал.
- Раст на населението прикажано по департпан:
| Година | Население по департман | |||||
|---|---|---|---|---|---|---|
| Лоара-Атлантик департман | Мен и Лоара департман | Мајен департман | Сарт департман | Ванде департман | Вкупно во Лоарски Крај | |
| 1801 | 369,305 | 375,544 | 305,654 | 388,143 | 243,426 | 1,682,072 |
| 1851 | 535,664 | 516,197 | 374,566 | 473,071 | 383,734 | 2,283,232 |
| 1901 | 664,971 | 515,431 | 313,103 | 422,699 | 441,311 | 2,357,515 |
| 1921 | 649,691 | 475,485 | 397,292 | 2,174,150 | ||
| 1936 | 659,428 | 478,404 | 251,348 | 388,519 | 389,211 | 2,166,910 |
| 1946 | 665,064 | 393,787 | 2,224,163 | |||
| 1954 | 733,575 | 395,641 | 2,320,177 | |||
| 1962 | 803,372 | 535,122 | 250,030 | 443,019 | 408,928 | 2,440,471 |
| 1968 | 861,452 | 585,563 | 252,762 | 461,839 | 421,250 | 2,582,866 |
| 1975 | 934,499 | 629,849 | 261,789 | 490,385 | 450,641 | 2,767,163 |
| 1982 | 995,498 | 675,321 | 271,784 | 504,768 | 483,027 | 2,930,398 |
| 1990 | 1,050,539 | 704,668 | 277,748 | 513,280 | 508,962 | 3,055,197 |
| 2005 | 1,208,761 | 754,997 | 297,854 | 551,971 | 587,162 | 3,400,745 |
Економија [уреди]
Во поглед на население и бруто домашниот производ, регионот е на 5то место во Франција. Економијата е значајна во земјоделско-прехрамбената индустрија (на 3-то место во Франција) со своите 51 % во производството на месо, 19 % млеко, 20% жита. Земјоделството зазема 67 % од територијата. Лоарски Крај е на прво место во Франција по производство на говедско месо а на второ по производство на млеко, компир, пилешко и свинско месо.
Знаменитости [уреди]
- Национален оркестар на Лоарски Крај е значаен елемент за културата на Лоарски Крај. Со над двеста концерти годиншно, собира близу 200.000 гледачи годишно.
- Фестивалот на класична музика La Folle Journée во Нант обично кон крајот на јануари.
- Пи ди Фу по дневна посетеност е втор француски забавен парк.
- Вал де Лоар, како дел од светското културно наследство на УНЕСКО, делумно се содржи во регионот Лоарски Крај. Замоците на Лоара кои се наоѓаат во регионот се замоците Монтреј-Беле, Замок, Сомир, Брисак, замокот Ле Лид, Божески замок, замокот Серан, Анжерски замок и замокот Плеси-Буре.
- Манска катедрала, замокот на војводите од Бретања во Нант.
- Средновековниот град Геранд
- Замокот Клисон
- Анжерска Апокалипса сместена во галериите на замокот во Анжер.
Наводи [уреди]
- ↑ Со значење «Лоарци», согласно латинското име на реката: Liger .
- ↑ INSEE - Estimation de population au 1er janvier, par région, sexe et grande classe d'âge Шаблон:Xls
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Лоарски Крај“ |
- Официјална веб страна на Лоарски Крај
- Лоарски Крај - Туризам
- Туризмот во Западна Франција
- Nantes Tourist Office
- Туристички водич за Лоарски Крај
- Туристичко биро Ле Ман
|
|||||||||||||