Долна Нормандија
| Долна Нормандија Basse-Normandie |
|||
|---|---|---|---|
| — Регион на Франција — | |||
|
|||
| Земја | Франција | ||
| Префектура | Каен | ||
| Департмани | |||
| Управа | |||
| - Претседател на советот | Лоран Бове (PS (Социјалистичка партија)) | ||
| Површина | |||
| - Вкупна | 17.589 km2 (6.791,2 sq mi) | ||
| Население (2007-01-01) | |||
| - Вкупно | 1.453.000 | ||
| - Густина | 82,6/km2 (214/sq mi) | ||
| Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
| - Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| NUTS-регион | FR2 | ||
| Мреж. место | cr-basse-normandie.fr | ||
Долна Нормандија (француски: Basse-Normandie, МФА: [bas nɔr.mɑ̃.di]; нормандски: Basse-Normaundie) е административен регион на Франција. Регионот бил создаден во 1956, кога регионот Нормандија бил поделен на Долна и Горна Нормандија. Регионот вклучува три департмани, Калвадос, Манш и Орн. Тој покрива 10,857 км2, 3.2 проценти од површината на цела Франција.[1]
Содржина |
[уреди] Историја
Традиционалната провинција Нормандија, со историја од 10-от век наваму, во 1957 била поделена на два нови региона: Долна Нормандија и Горна Нормандија. Во тек на римскиот период, регионот бил поделен на неколку различни градови-држави а во 5 век регионот бил освоен од страна на Франките. Во 9 век, освојувањата и грабежите на Норманите го опустошиле регионот. Повеќето од териториите на Долна Нормандија биле додадени на војводството Нормандија во 10 век. Во 1066, војводата Вилијам I од Нормандија ја освоил Англија. Тој бил погребан во Каен. Со победата во битката кај Теншбре во 1106 Нормандија била дадена на Плантагенети. Приближно сто години подоцна, во 1204, кралот Филип II Август од Франција, го освоил регионот. Потоа, во тек на Стогодишната војна, Плантагенетите повторно го освоиле а потоа повторно го освоиле Французите меѓу 1436 и 1450. До 1453, Француската монархија имала контрола врз цела Франција со исклучок на Кале, кој останал во рацете на Англичаните. Во тек на Втората светска војна, фокусот на операцијата Оверлорд бил на Долна Нормандија. На плажите на Калвадос се одиграл денот-Д во јуни 1944. Регионот Долна Нормандија претрпел огромни штети во тек на Војната. Многу села и градови биле разрушени во тек на битката кај Нормандија.
[уреди] Економија
Економијата во регионот во голем дел се потпира на земјоделството, овоштарството и сточарството како и на производството на текстил. Регионот во рамки на Франција е предводник во производство на путер, сирење, меки млечни намази и цидра. Исто така во овој регион се одгледуваат најмногу коњи од било кој друг регион во Франција. Сточарството главно е развиено во западниот дел поради добрите пасишта. Близу градот Каен се ископува железна руда. Друга важна стопанска гранка е туризмот. Регионот со бродски линии (фериброд) е поврзан со Англија (преку пристаништето Шербур и Каен Уистреам).
[уреди] Култура
Освен францускиот, Нормандија си има свој регионален јазик, нормандскиот. Овој јазик сé уште се користи во Долна Нормандија. Во Долна Нормандија исто така живееле и некои познати писатели, вклучително Ги де Мопасан и Марсел Пруст. Поважни културни збиднувања во овој регион се Азискиот филмски фестивал во Довил и Американскиот филмски фестивал во Довил.
[уреди] Поголеми општини
[уреди] Наводи
- ↑ (Northcutt, 1996, p. 181)
- Northcutt, Wayne; The Regions of France, A Reference Guide to History and Culture; 1996; Greenwood Press; ISBN 0-313-29223-X
- Some of the content of this article comes from the equivalent French-language Wikipedia article.
[уреди] Надворешни врски
- [страна]
- (англиски) Долна Нормандија - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
Аквитанија • Алзас • Бретања • Бургундија • Горна Нормандија • Долна Нормандија • Ил-де-Франс • Југ-Пиринеи • Корзика • Лангдок-Русијон • Лимузен • Лоарски Крај • Лорена • Оверњ • Пикардија • Прованс-Алпи-Азурен Брег • Поату-Шаранта • Рона-Алпи • Север-Па де Кале • Франш-Конте • Центар • Шампањ-Ардени
Прекуморски региони: Француска Гвајана • Гваделуп • Мартиник • Реинион • Мајот