Брејдс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Брејдс
Brades, Brades Estate
—  Град  —
Посетителскиот центар во Брејдс
Брејдс (жолта точка) на картата на Монтсерат
Координати: 16°47′34″N 62°12′38″W / 16.79278°N 62.21056°W / 16.79278; -62.21056Координати: 16°47′34″N 62°12′38″W / 16.79278°N 62.21056°W / 16.79278; -62.21056
Земја Обединето Кралство
Прекуморска територија Монтсерат
Население
 - Вкупно ~ 1.000
Часовен појас Атлантска (UTC-4)

Брејдс (англ. Brades или Brades Estate) е село и де факто главен град на Монтсерат од 1998 г.[1]Местото брои околу 1.000 жители и се наоѓа во близина на заливот Литл и Каровиот Залив во северозападниот крај на Монтсерат. Официјалниот главен град Плимут е напуштен во 1997 г. со катастрофалната ерупција на вулканот Суфриер Хилс која го затрупала местото со нанос. По овој настан, административниот центар е преселен во Брејдс, кадешто се изградени привремени управни објекти. Постојат неколку предлози за името на новиот главен град, кој е во тек на изградба во подрачјето на заливот Литл. Некои од нив се Порт Дајана, во чест на принцезата Дијана [2] и Сент Патрикс, во чест на 17-мартовското востание, но и за да се привлечат американски туристи од ирско потекло.

[уреди] Наводи

  1. Leonard, T. M. (2005). Encyclopedia of the Developing World. Routledge. стр. 1083. ISBN 978-1579583880
  2. Монтсерат сака да го именува главниот град по принцезата Дијана - БиБиСи (англиски)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици