Жозефина де Боарне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жозефина де Боарне
Императорка на Франција (повеќе...)
Josephine de Beauharnais, Keizerin der Fransen.jpg
Владеел(а) 20 март, 1804 - 10 јануари, 1810
Крунисување 2 декември, 1804
Династија Бонапарт
Татко Жозеф Гаспар де Таше де ла Пажери
Мајка Роз-Клер де Верже де Саноа
Роден(а) 23 јуни 1763
Ле Троа Иле, Мартиник
Умрел(а) 29 мај 1814
Риеј Малмезон, Ил де Франс, Франција
Погребан(а) Црква Св Петар и Павле во Риел

Жозефина де Боарне (фр. Joséphine de Beauharnais), родено презиме е првата жена на францускиот војсководец и цар Наполеон Бонапарт. Родена е на Мартиник на 23 јуни 1763 како Марија Жозеф Роз Таше де ла Пажери (Tascher de la Pagerie). Три години по нејзиното раѓање, ураган го уништува нејзиниот дом. Нејзината мајка е Роз-Клер,а нејзиниот татко Жозеф Таше. Поседувале шеќерна плантажа која не им донесува големи приходи. Во 1777 година умира сестрата на Роз, Катрин. Неколку месеци подоцна виконтот де Боарне ги праќа своите брачни понуди за Катрин. Но, бидејќи таа е мртва му предлагаат да ја земе Роз.

Бракот со виконтот де Боарне[уреди]

Виконтот де Боарне или Александар де Боарне е првиот маж на Жозефина. Кога се земале таа имала 16 години, а тој 19. Самата венчавка била на 13.12.1779 година. Речиси неколку недели по стапувањето во брак, Александар заминува и ја остава младата Роз сама. На 3 септември 1781, се раѓа нивното прво заедничко дете, Ежен де Боарне. За време на бракот Александар има повеќе авантури со повеќе жени и имал повеќе вонбрачни деца. Во 1782, Александар заминува за Мартиник и ја остава Роз бремена. На 10 април 1783, се раѓа нивното второ заедничко дете, ќерката Хортензија.

Разводот со Александар Боарне[уреди]

Откако се вратил од Мартиник, Александар ја избркал Роз од семејната куќа. Тогаш таа се сели во манастирот Пантемон. Во 1785, конечно се разведува од Александар и се сели во Фонтебло со двете деца. Во 1786, за малиот Ежен почнува да се грижи неговиот татко. Во 1788, Роз со својата ќерка Хортензија заминува за Мартиник од каде се враќа после две години. На 20 септември 1792, се и официјално разведени.

Кариерата на нејзиниот сопруг[уреди]

Откако на 20 април 1792 и е објавена војна на Австрија, сопругот на Роз, Александар пристапува во француската војска. Набрзо е прогласен за врховен командант, а потоа и за главен командант на Рајнската Армија. На 2 март 1794 уапесен е во местото Блоа.

Животот на Роз за време на Теророт[уреди]

На 20 април 1794 уапсена е и Роз. Двајцата биле затвореници на Кармелитскиот затвор каде секојдневно биле прозивани лицата осудени на смртна казна. Во кармелитскиот затвор, Роз го запознава Лазар Ош, нејзиниот љубовник за време на затвореништвото, но и потоа. На 23 јули 1794 година, погубен е нејзиниот сопруг Александар де Боарне. На 6 август, Роз е пуштена на слобода. Доаѓа дома кај своите деца кои едвај ја препознаваат.

Запознавањето со Наполеон Бонапарт[уреди]

На 6 август 1795 Роз де Боарне се запознава со Наполеоне Буонапарте. На 19 фебруари 1796 објавена е веста за свршувачката помеѓу Роз и Наполеоне. Тој одбива да ја ословува со Роз, туку ја нарекува Жозефина, онака како подоцна ќе ја препознава целиот свет. Познато е дека тој им ја наметнувал волјата и на возрасните луѓе.

Бракот со Наполеон[уреди]

Во бракот Наполеоне го менува своето име во Наполеон Бонапарт давајќи му на своето име француски призвук. По само два дена брак, заминува да ја превземе командата на Италијанската армија. Тие стапуваат во граѓански брак на 9 март 1796. На 26 јуни истата година, Жозефина му се придружува во Италија. На 2 јануари Жозефина се враќа во Париз. На 4 мај 1798 Наполеон заминува за Египет оставајќи ја Жозефина во Париз. Таа има афера со капетанот Иполит Шарл. Додека Наполеон е во Египет и се бори против Британската Империја, Жозефина заминува во бањата Плобјер каде се лечи од стерилитет со кој се здобила за време на затворските денови. Таму таа паѓа од балкон и е тешко повредена. На 21 април 1799 Жозефина ја купува куќата Малмезон. Сакајќи да го пречека Наполеон Жозефина тргнува со ќерката кон Тулон меѓутоа се разминува со Наполеон. На 16 октомври 1799 Наполеон пристигнува во Париз и не сака да се смири со Жозефина. На крајот попушта поради молбите на Ежен и Хортензија.

Кариерата на Наполеон[уреди]

Помеѓу 9-10 ноември се случува државниот удар од 18 бримери после кој Наполеон станува еден од трите конзули. На 12 ноември Жозефина и Наполеон се селат во Луксембуршкиот дворец. Подоцна се селат во дворецот Тиљери.

Разводот со Наполеон[уреди]

Наполеон долго време мислел дека е стерилен сè додека не му се родил вонбрачниот син Чарлс Леон. Тој тогаш решил да основа династија. Разводот бил неминовен. Граѓанскиот брак бил разведен во 1809, а црковниот во 1810. Тој потоа се оженил со австриската надвојвотка Марија Луиза и го добил посакуваниот син. Иако се развеле, Наполеон често и заповедал на Жозефина каде ќе живее и каде ќе се движи. За време на бременоста на неговата втора жена, Марија Луиза, и забранил да доаѓа во Париз за да не ја вознемири.

Смртта на Жозефина[уреди]

За време на рускиот цар Александар I заболува од пневмонија и умира на 29 мај 1814. Нејзиниот гроб се наоѓа во црквата Св. Петар и Павле во Риеј.