Прекуморски региони на Франција
Од Википедија, слободната енциклопедија
Прекуморските региони (француски: Région d'outre-mer) е назив на прекуморските департмани на Франција кои имаат слични надлежности како регионите во континентална Франција. Овие надлежности ги добиле во 1982 г, со законот за децентрализација (регионални совети и други регионални надлежности).
Тие се:
- Француска Гвајана во Јужна Америка
- Гвадалупе во Северна Америка (Кариби)
- Мартиник во Северна Америка (Кариби)
- Реинион во Африка (Индиски Океан)
- Мајот во Африка (Индиски Океан)
Свети Пјер и Микелон некогаш бил прекуморски департман, но во 1985 станал територијална заедница.
Надлежности[уреди]
Како составни делови на Франција, прекуморските региони се претставени во Националното собрание, Сенатот и Економско-социјалниот совет, избираат член во Европскиот парламент и го користат еврото како валута.
Поврзано[уреди]
Надворешни врски[уреди]
- Министерство за прекуморски работи (француски)
- Историја и тековниот развој на прекуморските региони и департмани (француски)
|
|||||||||||||