Мариго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мариго
Marigot
Мариго
Мариго
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Свети Мартин" does not exist
Координати: 18°04′23″ N; 63°04′56″ W / 18.0731° СГШ; 63.0822° ЗГД / 18.0731; -63.0822Координати: 18°04′23″ N; 63°04′56″ W / 18.0731° СГШ; 63.0822° ЗГД / 18.0731; -63.0822
ЗемјаФранција
Прекуморска заедницаСвети Мартин
Население (2006)
 • Вкупно5.700
Поглед на Мариго

Мариго (француски: Marigot) е најголемото населено место и главен град на француската страна на островот Свети Мартин.

Население[уреди | уреди извор]

Населението брои 5.700 жители[1]

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Мариго е сместен на западниот брег на островот Свети Мартин. Се протега од брегот на запад по должината на заливот Мариго, а на исток до ридовите во внатрешноста на островот. На југоисток се граничи со Симпсоновиот Залив.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Градот го опслужува меѓународниот аеродром „Принцеза Јулијана“ и аеродромот „Л'Есперанс“. Има и траект кој оди до Блоуинг Поинт во Ангвила.

Историја и знаменитости[уреди | уреди извор]

Местото првобитно било рибарско село крај мочуриштето, по кое е наречено. Во времето на Луј XVI, Мариго станал главен град по изградбата на утврдувањето Сен Луј на ридот близу заливот Мариго. Денес ова е најважниот објект во местото.

Мариго е типично карипско место со шарени куќи и кафеани по тротоарите. Пазарни денови се среда и сабота. По пазарите се продаваат најразлични производи - од тропско овошје и зеленчук како кокос, авокадо, сладок компир, разни зачини, риба, па до локални ракотворби и облека.

Во 1998 г, тука е сниман дел од филмот „Брзина 2“, кога бродот „Сиборн Леџенд“ се урива во островот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Попис 2006 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Свети Мартин - портал „Географија“ (англиски)