Рона (департман)
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Рона Rhône |
|||
|---|---|---|---|
| — Департман — | |||
|
|||
| Местоположбата на Рона во Франција | |||
| Координати: | |||
| Земја | Франција | ||
| Регион | Рона-Алпи | ||
| Префектура | Лион | ||
| Потпрефектури | Вилфранш на Сона | ||
| Управа | |||
| • Претседател | Мишел Мерсје (Центристичка) | ||
| Површина1 | |||
| • Вкупна | 3.249 км2 | ||
| Население (2007) | |||
| • Вкупно | 1.677.073 | ||
| • Ранг | 4ти | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Департман бр. | 69 | ||
| Окрузи | 2 | ||
| Кантони | 54 | ||
| Општини | 293 | ||
| ↑ Податоци од катастарот на Франција. Не се вбројуваат речни устија, езера, бари и глечери поголеми од 1 km2 | |||
Рона (француски: Rhône, франкопровансалски: Rôno) е департман во регионот Рона-Алпи. Департманот го носи името на реката Рона.
Содржина |
Историја [уреди]
Департманот Рона е создаден на 12 август 1793 г., со разделувањето на некогашниот департман Рона и Лоара на два дела: Рона и Лоара.
Во прво време, границата на департманот се поклопувала со самиот град Лион. Но кога градот се проширил и во другите општини, департманот е проширен за да ги опфати новосоздадените предградија.
Географија [уреди]
Позначајни реки во департманот се Рона и Сона (која се влева во Рона во Лион).
Рона се граничи со департманите Ен, Изер, Лоара и Сона и Лоара.
Над 75% од населението живее во Градската заедница Лион. Освен Вилфранш на Сона, сите други најголеми места ѝ припаѓаат на градската заедница (1999):
- Лион: 470.187 жители
- Вилербан: 134.500 жители
- Венисје: 56.487 жители
- Калир и Кир: 41.667 жители
- Сен-Прис: 41.213 жители
- Во-ан-Велен: 39.466 жители
- Вилфранш на Сона: 38.863 жители
- Брон: 38.600 жители
Поврзано [уреди]
- Кантони во Рона
- Општини во Рона
- Окрузи во Рона
- Арпитански јазик (наречен и франкопровансалски)
Надворешни врски [уреди]
- Страница на префектурата (француски)
- Страница на генералниот совет (француски)
- 69.pagesd.info - портал и именик на департманот (француски)