Долна Рајна

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Долна Рајна
Bas-Rhin
—  Департман  —

Грб
Местоположбата на Долна Рајна во Франција
Координати: Шаблон:Coordinates type 48°49′N 7°47′E / 48.817°N 7.783°E / 48.817; 7.783Координати: Шаблон:Coordinates type 48°49′N 7°47′E / 48.817°N 7.783°E / 48.817; 7.783
Земја Франција
Површина1
 - Вкупна 4.755 km2 (1.835,9 sq mi)
Население (2006)
 - Вкупно 1.079.013
 - Ранг 19ти
 - Густина 226,9/km2 (587,7/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)

Долна Рајна (француски: Bas-Rhin, алзаски: Unterelsàss) е департман во Франција - најнаселениот во регионот Алзас. Населението брои 1.079.013 жители (2006).

Содржина

[уреди] Историја

Горна Рајна е еден од 83 департмани формирани на 4 март 1790 г. во текот на Француската револуција.

Кон средината на 1790-тите, по француската окупација на сета лева страна на Рајна, северната граница на департманот е поместена уште посеверно, преку Лаутер, па сè до реката Квајх, опфаќајќи ги подрачјата на Анвајлер на Трифелс, Ландау, Бад Бергцаберн и Верт на Рајна. Но по вториот пораз на Наполеон во битката кај Ватерло (1815), Виенскиот конгрес ѝ ги доделува териториите северно од Лаутер на Баварија, како и териториите аво соседната покраина Рајнска област-Пфалц.

Во 1871 г. департманот е присоединет кон Германија (по поразот на Франција во Франко-пруската војна) и така останува сè до крајот на I светска војна (1918). За време на II светска војна департманот повторно станува дел од Германија (1940-1945) за потоа конечно да ѝ биде вратен на Франција.

[уреди] Географија

Реката Рајна отсекогаш играла важна историска и стопанска улога во овој крај. Таа воедно ја образува источната граница на департманот. Во околината се простираат и падините на Вогезите.

Северно од Долна Рајна се протега Фалечката шума во германската сојузна покраина Рајнска област-Пфалц, а на исток се наоѓа покраината Баден-Виртемберг. На југ е департманот Горна Рајна, градот Колмар и јужен Алзас, а на запад е депарманот Мозел.

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици