Горнопровансалски Алпи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Горнопровансалски Алпи
Alpes-de-Haute-Provence
—  Департман  —

Грб
Местоположба на Горнопровансалските Алпи во Франција
Координати: 44°00′ СГШ 6°10′ ИГД / 
Земја Франција
Регион Прованса-Алпи-Азурен Брег
Префектура Дињ ле Бен
Потпрефектури Барселонет
Кастелан
Форкалкје
Управа
 • Претседател на Генералниот совет Жан-Луј Бјанко (СП)
Површина1
 • Вкупна 6.925 км2
Население (2007)
 • Вкупно 156.067 жит.
 • Ранг 94ти
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Департман бр. 04
Окрузи 4
Кантони 30
Општини 200
  Податоци од Катастарот на Франција. Не се вбројуваат речни устија, езера, бари и глечери поголеми од 1 km2

Горнопровансалските Алпи (фр. Alpes-de-Haute-Provence, окс. Aups d'Auta Provença) се департман во јужниот дел на Франција, некогаш дел од областа Прованса.

Историја[уреди]

„Северна Прованса“ бил еден од 83-те департмани утврдени за време на Француската револуција (4 март 1790). Потоа бил преименуван во „Горна Прованса“ и „Долни Алпи“.

Во 1793 е создаден департманот Воклиз од делови на департманите Устие на Рона, Дром и Долни Алпи.

Во 1970 департманот Долни Алпи е преименуван во „Горнопровансалски Алпи“.

Географија[уреди]

Горнопровансалските Алпи се планинска област со врвови над 2.400 m. Климата е мошне сува и пуста, но и покрај тоа овоштарството е важна гранка, благодарение на системите за наводнување.

Департманот се граничи со департманите Горни Алпи, Приморски Алпи, Вар, Воклиз и Дром, како и Република Италија.

Позначајни реки се: Диранс, Вердон, Блеона, Ибе, Вар, Биеш, Жаброн и Ларг.

Окрузи и кантони[уреди]

Горнопровансалски Алпи се поделени на 4 окрузи, 30 кантони и 200 општини. Најважно населено место е административниот центар (префектура) Дињ ле Бен.

Туризам[уреди]

Прекрасните пејзажи на областа нудат разни туристички активности. Единаесет села се сметаат за места со особен архитектонски карактер. Еве некои значајни места:

Лете во оконите планини се практикуваат разни воздушни спортови како параглајдерството, летањето со делтаплан, едриличарството и сл. Зиме работат единаесет скијачки центри.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]