Потпрефектура (Франција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Потпрефектурата во Верден, Меза
Потпрефектурата Беле во Ен

Потпрефектурите (француски: sous-préfectures) се населени места - административни центри на окрузите во Франција во кои не се наоѓа префектурата на департманот. „Потпрефектура“ се нарекува и зградата во која е сместена окружната администрација.

Чиновникот на чело на потпрефектурата се нарекува „потпрефект“, потпомогнат од генерален секретар. Помеѓу мај 1982 и февруари 1988, потпрефектите се нарекувале „помошници-комесари на Републиката“ (commissaire adjoint de la République).

Во окрузите под управа на префектура, генералниот секретар на префектот игра улога на потпрефект.

Париз е единствената единица без потпрефектури, бидејќи самиот е составен од една единствена префектура. Општинските окрузи во Париз (како и оние на Лион и Марсеј) имаат улога на поделбени единици, и затоа ова не се окрузи на ист начин како останатите во земјата.

Поврзано[уреди | уреди извор]