Дубровник

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Летна панорама на Дубровник

Дубровник (латински: Ragusium, германски: Ragusa) е историски град на Јадранското Море и на јужната страна на Хрватска. Овој град е еден од најпознатите туристички места на Балканот. Бројот на населението во 2001 изнесувал 43.770 жители.

Во 1979 година Дубровник е додаден на листата на УНЕСКО за Светско културно наследство.

[уреди] Историја

Се смета дека градот е основан во 7 век од новата ера. Од 1205 до 1358 година со Дубровник владее Венециската Република. Од 1358 до 1808 година Дубровник претставува засебна држава, која се нарекува Дубровничка Република.

Тоа е еден од оние приморски медитерански градови кои се формирани врз сфаќањата на старата хеленска култура. Тоа е всушност полис-град. Тој се развива како град во кој се јавува цивилна управа која се стреми да се формира во република по угледот на Венеција. На социјален план, постои поделбата на благородништво и пук, пучанство, односно народ. Со градот управува дужд (кнез), но постои извршна власт („мало вјеќе“), и претставници на народот како консултативна власт („велико вјеќе“).

Како и другите приморски градови, Дубровник е седиште на моќна флота, која е носител на трговијата. Се смета дека Куршумли-ан во Скопје е граден за потребите на дубровничката трговија.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици