Дубровничко-неретванска жупанија
| Дубровничко-неретванска жупанија Dubrovačko-neretvanska županija |
|||
|---|---|---|---|
| — Жупанија — | |||
|
|||
|
Дубровничко-неретванска жупанија (светло портокалово) Хрватска (светло жолто) |
|||
| Главен град | Дубровник | ||
| Управа | |||
| - Жупан | Никола Доброславиќ ((ХДЗ)) | ||
| Површина | |||
| - Вкупна | 688 sq mi (1.782 km2) | ||
| Население (2001) | |||
| - Вкупно | 122.870 | ||
| - Густина | 69/km2 (178,6/sq mi) | ||
| тел.код | 020 | ||
| ISO 3166-код | HR-19 | ||
| Мреж. место | edubrovnik.org | ||
Дубровничко-неретванската жупанија (хрватски: Dubrovačko-neretvanska županija) е најјужната Хрватска жупанија која што се наоѓа во јужна Далмација. Главен град е Дубровник, поголеми градови се: Корчула, Метковиќ, Опузен и Плоче. Општината Неум која и припаѓа на БиХ ја дели жупанијата на два дела, истата општина и овозмужува излез на БиХ на Јадранското Море. Најјужниот дел од жупанијата се состои од Дубровник и околината, вклучувајќи го полуостровот Пељешац и островите: Корчула, Ластово, Мљет, Шипан, Лопуд и Колочеп. Северниот дел ги вклучува: делтата на Неретва, езерата Баќина (северно од Плоче), исто и планината Биоково со врвот Рујница. Деветкилометарскиот приморски појас кој му припаѓа на Неум ја дели жупанијата на два дела, правејќи ги Дубровник и околина екслава, но Дубровник е поврзан со територијалните води со Хрватското копно. Дубровник исто така е поврзан со Хрватското копно со автопат. Во тек се преговори меѓу Хрватска и БиХ за слободно преминување на границата кај Неум. Хрватска планира изградба на мост со кој би се поврзал Дубровник директно со Хрватското копно, без притоа да се помине преку БиХ. Северниот дел на Мљет е национален парк. Најјужниот дел од жупанијата е демилитаризирана зона Превлака во близина на границата со Црна Гора.
Содржина |
[уреди] Основни факти
- Површина: 1 782 km²
- Население Со податоци од пописот од 2001, жупанијата има популација од 122,870. Хрватите се апсолутно мнозинство со 93.29% од населението.
[уреди] Административна поделба
На локално ниво жупанијата е поделена на 5 градови и 17 општини.
- град Дубровник
- град Корчула
- град Метковиќ
- град Опузен
- град Плоче
- општина Блато
- општина Дубровачко Приморје
- општина Јањина
- општина Конавле
- општина Кула Норинска
- општина Ластово
- општина Лумбарда
- општина Мљет
- општина Оребиќ
- општина Појезерје
- општина Сливно
- општина Смоквица
- општина Стон
- општина Трпањ
- општина Вела Лука
- општина Зажабље
- општина Жупа Дубровачка
[уреди] Жупаниска управа
- Жупан Никола Доброславиќ (ХДЗ)
Жупаниско собрание е составено од 41 претставник од кои:
- HDZ-HSS-HSLS-HSU: 21
- SDP-HNS: 9
- независна листа - Стипе Габриќ-Јамбо: 8
- независна листа - Перо Виќан:3
Од изборите во 2009.
[уреди] Заштитени подрачја
- Национален Парк Мљет
- Природен парк на архипелагот Ластово

