Николај Липкин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медали
Кану спринт мажи

ИКФ Светски Кану Спринт Шампионати

Злато 2005 Загреб C-2 200 m
Злато 2006 Шегед C-1 200 m
Злато 2009 Дартмуд C-1 4 x 200 m
Злато 2010 Познањ C-1 4 x 200 m
Сребро 2007 Дисбург C-4 200 m
Сребро 2009 Дартмуд C-1 200 m
Сребро 2009 Дартмуд C-1 500 m
Сребро 2009 Дартмуд C-4 200 m
Бронза 2009 Дартмуд C-2 1000 m

Николај Липкин (руски: Николай Липкин, роден 20 мај 1985 во Касимов, Рјазан (област), Русија) е кануист-спринтер кој што се натпреварува од 2003.

Во 2003 тој стана член на рускиот кану-спринт тим во дисциплината Ц-4 500 метри што освои јуниорските светски шампионати во Комацку, Ишикава, Јапонија. Тој исто така има освоено и две индивидуални (Ц-1) медали - сребро за Ц-1 500 метри и бронза за Ц-1 1000 метри. Потенцијалот на Липкин беше покажан на Европските Шампионати до 23 години во Познањ, 2010, каде што го освои бронзениот медал во дисциплината Ц-1 500 метри иако поголемиот број од неговите ривали беа над 3 години помлади од него.

Откако тој продолжи со рапидниот прогрес, во 2005 тој стана првиот шампион од Комацу што освоил сениорски светски шампионат. На само дваесет години, тој стана тим со Евгениј Игнатов со кој што освои прво место во финалето во дисциплината Ц-2 200 метри на 2005 ИКФ Светските Кану Спринт Шапионати во Загреб, Хрватска. Тие завршија први за само 0,024 секунди пред германците Кристијан Гиле и Томас Вајлензек.

По овие успеси, Липкин почна со транзиција на подолга дистанца Ц-1 500 метри на подготовките за ЛОИ 2008, каде што ја немаше дисциплината Ц-1 200 метри. Тој не се појави на 2006 Европските Сениорски Шампионати, наместо, тој се натпреваруваше шампионатите за натпреварувачи под 23 години во Шиниас, Грција, каде што освои две титули, како во Ц-1 500 метри така и во дисицплината Ц-2 500 метри (заедно со Илија Штокалов). На 2006 ИКФ Светските Кану Спринт Шампионати, во Шегед, Унгарија, се врати дисциплината Ц-1 200 метри на која што Липкин стана индивидуален Ц-1 шампион пред украинскиот веслач Валтентин Демјаненко. Липкин освои сребро во дисциплината Ц-4 200 метри на ИКФ Светските Кану Спринт Шампионати во 2007 во Дисбург. Липкин исто така има освоено пет медали на ИКФ Светските Кану Спринт Шампионати во 2009 и тоа:

  • Злато - Ц-1 4 х 200 метри
  • Сребро - Ц-1 200 метри, Ц-1 500 метри, Ц-4 200 метри
  • Бронза - Ц-2 1000 метри

Најмногу од било кој натпреварувач во канадски стил на тие шампионати. Тој исто така освои злато на ИКФ Светските Кану Спринт Шампионати но само во дисциплината Ц-1 4 х 200 метри.

Липкин моментално живее во Броници, Москва (област) и е член на спортското друштво „Динамо Москва“. Висок е 190 цм и тежи 91 килограм.

Наводи[уреди]