Оноре де Балзак
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Оноре де Балзак Honoré de Balzac |
|
Дагеротипија од Оноре де Балзак од 1842 |
|
| Роден(а) | 20 мај 1799 Тур, Франција |
|---|---|
| Починал(а) | 18 август 1850 (возраст: 51) Париз, Франција |
| Занимање | Романописец драматург |
| Жанрови | роман |
| Правец | реализам |
| Значајни дела |
Шагринска кожа (1831) Роднината Бети (1847) |
| Сопружник | Евелина Ханска |
Оноре де Балзак (француски: Honoré de Balzac) (20 мај 1799 - 18 август 1850) бил познат француски писател на романи и драми. Неговите дела се високо ценети и наградувани, во целата своја кариера тој има напишано над 100 драми и романи.
Содржина |
Биографија [уреди]
Неговата биографија е едноставна, таа е воедно биографија на милиони талентирани луѓе кои живеат во Париз.
Големиот француски писател Оноре де Балзак е роден 1799 година во Тур. Детството го поминал во Вандом, во целосна самотија, сосема повлечен и без блиска врска со семејството. Првото образование го стекнал во разни школи. Во Париз, татко му сака Оноре да учи право, но тој е решен да ѝ се предаде на книжевноста, затоа што му се чинело дека тоа е најкраткиот пат до славата. Семејството го напушта Париз, а Балзак останува сам со својата фантазија, на мансардата, во сиромашна соба. Заедно со неговиот полет, растат и немаштијата и долговите.
Во овој период се формираат освновните црти на неговиот карактер, кои го прават типичен претставник на 19 век. Првата негова црта е правењето планови, а втората е занатскиот карактер на неговата книжевна дејност. Тој се опробува во разни занаети, но сепак финансиски пропаѓа, а немаштијата не го напушта цел живот. Како личност со неумерени амбиции, мегаломански планови и соништа за богатство, Балзак практично целиот живот ѕидал кули во воздухот. Основал весници, купувал печатници, градел луксузни куќи во кои никогаш не успевал да се всели, сонувал за експлоатација на рудници за сребро, за плантажи со овошје и дабови шуми. Овие негови соништа и планови, најчесто завршувале со финансиски катастрофи, а притоа долговите постојано го притискале и доверителите го прогонувале до смртта. Оттука онаа важна улога која во неговите дела ја игра буџетот на ликовите. Со напорна работа Балзак ги исплатил своите долгови, но никогаш не станал богат.
Сепак, Балзак постојано пишувал, всушност грозничаво работел на своите романи. Неговите хроничари велат дека желбата за успех и за богатење, како и борбата со долговите, буквално го присилувале на истоштувачка работна дисциплина. Таквата постојана работа врз нови и нови проекти, резултирала со 90 книги, напишани само за дваесеттина години. Тие се, всушност, неговата монументална градба, што така трескавично ја градел цел живот. Заедничкиот наслов на тој проект е „Човечка комедија“. Балзак го вложил сиот свој живот во неа и тоа е „градбата“ што ги надживеела сите негови соништа, но и разните доверители кои постојано му дишеле зад вратот. Книжевната слава која најпосле ја освоил, не го спасила од неговите материјални грижи.
За жал, таа трка со времето и со огромните притисоци на мегаломанијата, се одразила на неговиот живот. Истрошен од своите книги, кои ги пишувал во еден здив, само со кратко, двочасовно преспивање на софата, Балзак умрел на 51-годишна возраст. Со оглед на тоа што бил неумерен во се, оставил свој печат дури и во воздухот што останал зад него. Многумина уште долго го чувствувале неговиот парфем по улиците.
Крајот на неговиот живот е одбележан со чудна случка: во 1850 година, неколку месеци пред смртта, се жени со полската аристикратка, грофицата Евелина Ханска, со која се допишувал околу 16 години.
Творештво [уреди]
Балзак и неговото творештво се олицетворение на капиталистичкиот век. Парите владеат со неговите романи. Парите се нераздвоен елемент, органски дел, и никој не го сфатил страшното значење на парите како Балзак. Кога воведува ново лице во некој роман, Балзак секогаш дава точни податоци за неговите приходи и неговата заработувачка. Секогаш знаеме колку франци има во паричникот неговиот јунак. Ако влезе во ресторан да руча, Балзак нема да заборави да ни соопшти колкава сметка платил. Речиси секогаш знаеме за неговите јунаци колку кирија плаќаат, колку ги чини облеката, колкав дел од буџетот трошат на храна итн.
Во она општество кое Балзак го слика, егоизмот е главен двигател. Сепак, Балзак одвреме-навреме дава идеални ликови: чесни научници (како Даниел д`Артез), идеална љубов (како што е љубовта на Ева и Давид во „Изгубени илузии“), трогателна родителска љубов (Горио во „Чичко Горио“), но во сите овие појави добрината се губи во морето на егоизам и лаги кои владеат во општеството.
Балзак е пред сè практичар, неговите дела се полни со строги и остроумни напади на недостатоците на законодавството, судот и администрацијата. Но, тој како и многуте негови современици спасот го бара во минатото, не сфаќајќи дека таму уште повеќе биле изразени тие недостатоци.
Балзак е еден од најголемите хроничари на своето време, а со тоа и сатиричар на општеството. Балзак е родоначелник на реализмот, но неговите реални слики понекогаш се испреплетуваат со мистични. Еден типичен роман од оваа категорија е „Шагринска кожа“ - жива слика на парискиот живот и историја на еден од оние млади луѓе кои безглаво се фрлаат во неговиот вртлог. Јунакот на овој роман случајно наоѓа парче кожа кое има чудна особина: исполнува желби. Но, со секое исполнување на желба, парчето кожа се намалува, и кога еднаш ќе го снема, завршува и животот на неговиот сопственик. Така, симболички е изразена мислата дека задоволствата и среќата скапо се плаќаат.
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Оноре де Балзак“ |
- Дела од Honoré de Balzac на Проектот Гутенберг (plain text and HTML)
- Works by or about Honore de Balzac at Internet Archive (scanned books original editions color illustrated)
- Honoré de Balzac by Albert Keim and Louis Lumet, бесплатно на Проектот Гутенберг.
- Honoré de Balzac's works: text, concordances and frequency lists
- Balzac and anthropology
- Balzac on mimetism, language, desire for the absolute
- Reader's Guide: Themes in the Novels of Balzac
- Free book downloads in HTML, PDF, text formats at ebooktakeaway.com
- Pathfinder guide to Balzac and The Human Comedy
- Victor Hugo's eulogy for Honoré de Balzac
- Special Issue of Lingua Romana on Balzac