Џејмс Стјуарт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Џејмс Стјуарт
Jimmy Stewart.jpg
Џејмс Стјуарт, фотографија на Карл фан Вехтен, 1934
Роден(а) Џејмс Мајтленд Стјуарт
20 мај 1908
Индијана, Пенсилванија, САД
Починал(а) 2 јули 1997 (возраст 89)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Други имиња Џими Стјуарт
Активност 19351991
Сопруг(а/и) Глорија Хетрик (1949–1994) (две деца)

Бригадниот генерал Џејмс Мејтланд "Џими" Стјуарт (20 мај 19082 јули 1997) е иконски американски актер-оскаровец, најпознат по својата скромна персона на екранот. Во текот на својата богата кариера глуми во низа филмови - општо признати како класици - а и пет пати е номиниран за оскар, пришто добива еден за најдобар актер и еден за животно достигнување.

Роден е во Индијана близу Питсбург и најпрво започнува кариера на архитект пред да биде привлечен од театарот на колеџ. По првичниот успех на Бродвеј, филмско деби во Холивуд има во 1935 година. Кариерата започнува да му се движи по нагорна линија по филмовите кои ги работи под режисерската палка на Френк Капра, меѓу кои е и онаа улога во Г. Смит оди во Вашингтон - улога која ќе му донесе и номинација за оскар. Во текот на седумте децении минати во Холивуд, Стјуарт игра низа разноврсни улоги и сепак ја создава својата препознатлива слика преку класиците од типот на Филаделфиска приказна, Харви, Ова е прекрасен живот, Прозорец во дворот и Вртоглавица.

Стјуарт станува толку близок до американската јавност што секогаш е именуван како "Џими" Стјуарт— назив кој никогаш нема да се појави во завршните филмски кредити.

Стјуарт остава свој печат во неколку жанрови, вклучувајќи ги комедиите, вестерните, и пред се трилерите. Работи за низа славни филмски режисери меѓу кои мора да се издвојат Алфред Хичкок, Џон Форд и Ентони Ман. Умира во 1997 година, во наследство оставајќи низа култни филмови како и мислењето дека е еден од најдобрите актери во филмската историја. Прогласен е за трета најголема филмска ѕвезда од Американскиот Филмски Институт.

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: