Грејс Кели

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Грејс Патриша Кели, подоцна позната како Грејс, принцезата од Монако (англ.Grace Kelly,подоцна Grace, Princess of Monaco , 12 септември 1927, во Филаделфија, Пенсилванија- 14 септември 1982 година, во Монте Kарло, Монако), била позната американска глумица која по венчавката со принцот Рене III станува принцеза на Монако. Нивниот син, Алберт II, е наследникот на престолот. Грејс Кели, истовремено, претставува и една од најголемите икони на филмското платно како и најголема модна икона на сите времиња. За улогата во филмот Провинцијалка ја добива наградата Оскар за надобра главна улога во 1955та година, а едан година претходно добива Златен глобус за најдобра споредна улога во филмот Могамбо. Според, Американскиот филмски институт Грејс Кели е на 13тата позиција на листата на 100 најголеми филмски ѕвезди на сите времиња.

Содржина

[уреди] Кариера

Грејс Патриша Кели е родена на 12ти ноември 1929 година, во Филаделфија, Пенсилванија, во богато семејство. Веднаш по матурирањето, 1947 година, се сели во Њујорк, каде што започнува со градењето кариера. Најпрвин, работи како модел, а во 1949 година за прв пат дебитира на Бродвеј со што се појавува и на телевизија. Наскоро, се преселува во Јужна Каролина каде што работи на филм.


Во 1951 година, Грејс Кели го снима својот прв филм , Четиринаесет самци. Иако оваа улога била мала, сепак станала доста впечатлива. Наредните неколку години ја глуми улогата на Еми Кејн во филмот Точно напладне, глумејќи заедно со ѕвезди како Гари Купер и Лој Бриџис, по којашто улога станува доста популарна. Така што, во 1953 година снима уште еден доста успешен филм – Могамбо, каде што ја игра улогата на Линду Нордли. На овој филм работи заедно со Кларк Гејбл и Ав Гарниер, којшто и претставува еден од најдобрите снимени филмови на студиото МГМ. За улогата во овој филм, Грејс Кели ја добива наградата Златен глобус за најдобра споредна улога, со што подоцна е номинирана и за Оскар за најдобра споредна улога. Покрај тоа, што имала забележителен настап во филмот Точно напладне, улогите во филмовите на Алфред Хичкок ја прават вистинска ѕвезда. Нивната соработка започнува со филмот Договор У за убиств, во 1954 година. Истата година, Грејс снима уште пет филмови. Еден од нив е и филмот Провинцијалка, за којшто ја добива наградата Оскар за најдобра главна улога и Златен глобус за најдобра главна улога во драма.


Во 1955 година, Грејс повторно соработува со Хичкок на филмот Фати го крадецот, заедно со Кери Грант. Во 1956 година, пак, го снима мјузиклот Високо друштво, заедно со Френк Синатра. Но, иако и покрај тоа што таа немала такви планови, ова бил нејзин последен филм како и последен проект за глума, воопшто.


[уреди] Принцеза од Монако

Грејс Кели го запознава принцот Рене од Монако на Канскиот филмски фестивал во 1955 година. Принцот пред тоа не бил женет, но заради наследството морал да се ожени, инаку не би обезбедил престолонаследник на Монако, и Монако повторно би припаднал на Франција. По запознавањето на Грејс со неговото семејство принцот ја запросува. Тие се венчале на 19ти април 1956 година. Според, биографичарите кои пишуваат за Грејс кели велат дека нивниот брак не бил среќен. Таа била несреќна поради тоа што нејзиниот споруг како и кралското семејство не дозволувале да продолжи да се занимава со глума и да снима филмови, така што и покрај многуте понуди таа не смеела да прифати ниту една. Со принцот Рене имаат три деца- Каролин Луиз Маргерит (23ти ајнуари, 1957 година), Алберт Александар Луиз Пјер (14ти март, 1958 година) и Стефани Мери Елизабет (1ви февруари, 1965 година).



[уреди] Титули

- 12ти ноември, 1929 година - 19ти април, 1956 година Госпоѓица Грејс Патриша Кели


- 19ти април 1956 година - 14ти септември, 1982 година Нејзино Височество, принцеза Грејс од Монако


[уреди] Смрт

На 13ти септември, 1982 година, на враќање од патувањето на Француската ревиера со својата ќерка Стефани, Грејс доживува сообраќајна несреќа. И покрај тоа што не загинува на самото место , таа се здобива со сериозни повреди и е пренесена во Медицинскиот центар во Монако (кој од 1958 во чест на принцезата се нарекува Медицнски центар ''Принцеза Грејс'')каде што умира на 14ти септември.


Грејс Кели е погребана во смејната гробница Грималдије, во катедралата Св.Никола, на 18ти септември 1982 година.По нејзината смрт, принцот Рене никогаш не се оженил повторно се до неговата смрт во 2005 година, кога е погребан веднашдо принцезата во катедралата Св. Никола. На погребот на принцезата присуствувале преку четиристотини луѓе, вклучувајќи истакнати познати политичари од целиот свет како и членови на кралските семејства ширум Европа ( Принцезата Дајана од Велс била едниствената претставничка од кралското семејство), како и незините некогашни колеги од Холивуд, додека телевизискиот пренос го следеле околу 100 милиони луѓе.



[уреди] Награди и номинации

  • БАФТА
    • 1954: Најдобра странска актерка (Провинцијалка) - Номинирана
    • 1955: Најдобра странска актерка (Договор У за убиство) - Номинирана
  • Награда од националните филмски критичари
    • 1954: Најдобра актерка (Провинцијалка) - Наградена
  • Награда од њујоркшките филмски критичари
    • 1954: Најдобра актерка (Провинцијалка) - Наградена
  • Холивудскиот булевар на славните
    • Холивудски булевар 6329



[уреди] Користени врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици