Бети Дејвис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Бети Дејвис
Bette Davis in Now Voyager trailer 1.jpg
Бети Дејвис во трејлерот на Сега, патнику , 1942.
Роден(а) Рут Елизабет Дејвис
5 април 1908
САД Лауел, Масачусетс, САД
Починал(а) 6 октомври 1989
Франција Нојлу, Франција
Активност 1929 - 1989
Сопруг(а/и) Хармон Нелсон (1932-1938)
Артур Фарнсворт (1940-1943)
Вилијам Грант Шери (1945-1950)
Гери Мерил (1950-1960)

Бети Дејвис (5 април 19086 октомври 1989), родена како Рут Елизабет Дејвис, е американска актерка-двократна оскаровка. Позната по својата неуморна желба да игра улоги на несимпатични ликови, секогаш ужива голема критичка слава поради можноста да се снајде во различни филмски жанрови, почнувајќи од криминалните мелодрами до историските филмови како и до повремените улоги во комедиите; сепак нејзините најголеми успеси се оние во романтичните драми.

После појавата во неколку драми на Бродвеј, Дејвис оди во Холивуд во 1930 година, но нејзините први филмови за Universal Studios се неуспешни. Се приклучува кон Warner Brothers во 1932 и својата успешна филмска кариера ја започнува со неколку критички признати улоги. Во 1937 се обидува да го раскине својот договор и иако ја губи една од најпознатите правни битки во раната Холивудска историја, овој момент останува забележан како почеток на нејзините најголеми успеси. Се до крајот на 1940тите, таа е една од најпознатите актерки, позната по својот моќен и интензивен актерски стил. Дејвис набрзо се здобива со репутација на ратоборен перфекционист, а нејзините конфортации со извршните лица во студијата и режисерите стануваат легендарни. Нејзиниот искрен пристап, лаконски вокален стил како и секогаш присутната цигара придонесуваа до создавање на една од најпознатите персони на екранот - често имитирани и сатиризирани.

Дејвис е првата актерка со десет номинации за оскар а и првата жена која ја има добиена Наградата за животно достигнување од Американскиот Филмски Институт. Нејзината кариера неколку пати страда од моментални падови, дотолку што таа и самата ќе признае дека нејзиниот успех се должи на безусловното жртвување на нејзиниот приватен живот. Се венча четири пати, еднаш останува вдовица и три пати се разведува, поради што трите деца ги одгледува како самохрана мајка. Последните години од нејзиниот живот се обележани со многу кревко здравје и постојана болест. И покрај ова, Дејвис продолжува да глуми речиси до својата смрт, предизвикана од рак на дојката. Останува запаметена не само како една од најдобрите, туку и како една од најплодните актерки во Холивуд: зад нејзиното име остануваат запишани повеќе од сто филмски, телевизиски и театарски остварувања. Прогласена е за втора најголема ѕвезда во филмската историја.

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: