Марлон Брандо
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Марлон Брандо | |
Марлон Брандо во Трамвај наречен Желба, фотографиран од Карл фан Вехтен, 1948 |
|
| Background information | |
|---|---|
| Years active | 1944-2001 |
Марлон Брандо Џуниор (англиски: Marlon Brando, Jr.) (3 април 1924 – 1 јули 2004) е двократен оскаровец, икона на филмската уметност низ целата должина на својата повеќе од половина век долга кариера. Брандо ќе остане запаметен по своите улоги во филмовите Пајтонот наречен Желба и На доковите на Њујорк, и двата режирани од Елиа Казан во раните 1950ти, како и по своите антологиски изведби на Вито Корлеоне во Кум и на полковникот Волтер E. Курц во Апокалипса сега, и двата режирани од Френсис Форд Копола во раните 1970ти. Неговиот актерски стил, комбиниран со неговата јавна личност на аутсајдер незаинтересиран за Холивуд во раните 1950ти ќе има клучно влијание врз генерацијата што ќе даде актери од типот на Џек Николсон, Роберт де Ниро, Пол Њуман, Ал Пачино, Роберт Дувал, Џејмс Дин, Дастин Хофман, Расел Кроу, Шон Пен, Адриен Броди, Едвард Нортон, Леонардо ди Каприо и Џони Деп.
Содржина |
[уреди] Основни биографски податоци
Марлон Брандо Џуниор,син на Марлон Брандо Ср. и Дороти Пенебакер Брандо е роден на (3 април 1924) во Омаха, Небраска. Во 1935, кога имаше 11 години, неговите родители се разделија. Неговата мајка за кратко време ги зеде своите деца Марлон, Жaклин и Франсис Брандо да живеат со неа во Санта Ана, Калифорнија, до 1937 кога неговите родители пак се смирија и се иселија во Либертивил, Илиноис, село во северно Чикаго. Семејството беше од холандско, ирско, германско, англиско потекло. Бабата на Брандо Мари Холовеи го остави нејзиниот сопруг Еуген и нејзиниот син Марлон Брандо Ср. кога тој имаше пет години. Семејството Брандо беше местена во Њујорк за долго време. Сенејното име претходно се изговараше Брандоу и го добил од страна на Германски имигрант, Јохан Вилхем Брандау, кој се сместил во Америка во раните 1700ти. Брандо имаше бурно детство. Тој заостана една година во училиште а после беше избркан од средното училиште на Либертивиле. На 16 годишна возраст, се врати во војната академија на Шатук и таму веднаш се забележа неговиот талент за театар и добро се вклопи во структурата на училиштето. Во неговата последна година 1943 доби условна казна заради дрскоста што ја покажа кон еден офицер за време на вежби. Дел од казната беше тој да се однесе во училишен кампус но тој се обиде да побегне во град но беше фатен. Сепак стафот на наставници одлучи тој да биде истеран од кампусот. Но подоцна него го викна назад во училиштето, но и покрај тоа тој се одлучи да не го заврши школувањето. Работеше како копач на канали во својот роден град, како летна работа наместена од страна на неговиот татко, но подоцна се одлучи да ги прати нејзините сестри во Њујорк. Едната сестра студираше сликање, а другата веќе имаше настапено на Бродвеј. Тој ја посети сестрата Франсис во Њујорк во Божиќ 1942 година и многу му се допадна искуството што го доживеа за време на престојот таму. Брандо доби шест месечна подршка од неговиот татко, а после таткото уште и му понуди помош да најде работа како продавач. Брандо го остави Илиноис за Њујорк, каде студираше во Американското Професионално Театарско Училиште, “Ново Училиште”, Драмска Работилница и во Актерското Студио. Во Драмската Работилница на “Ново Училиште” студираше со Стела Адлер и ги научи техниките на Системот на Станиславски.
Прогласен е за четвртата најголема филмска ѕвезда во историјата според Американскиот Филмски Институт.
[уреди] Кариера
[уреди] Почетоци
Брандо ги користи своите вештини од Станиславскиот Систем за своите први летни улоги во Сејвил, Њујорк во Лонг Ајленд. Неговото однесување беше причина да му се одзема улогата од страна на продукцијата на “Ново Училиште” во Сејвил, но неговиот талент се забележа во локална претстава и брзо настапи и во Бродвеј во драмата “Се сеќавам на мојата мајка” во 1944 година. Критичарите го гласија како еден од најперспективните актери на Бродвеј за неговата улога како ветеран во маки во “Труклин Кафе”, иако претставата доживеа комерцијален неуспех. Сепак, тој постигна вистински успех, како Стенли Ковалски во претставата од Тенеси Вилиамс, “Трамвај наречен желба” во 1947, режирано од Елиа Казан. Брандо ја посакуваше таа улога, па отиде на аудиција во Провинцетоун, Масачусетс, каде Вилијамс го поминуваше летото. Вилијамс рече дека штом го видел Брандо како глуми на аудиција знаел дека го има неговиот Стенли Ковалски. Настапот на Брандо ги револуционира техниките на глумењето и го постави моделот за Американската форма на методна глума . Таков начин на глумење никогаш не било видено порано и сите слични улоги после тоа се слики на улогата на Брандо. После тоа Брандо беше повикан на аудиција во студиото на Baрнер Брос за филмот “Бунтовници без причина”, улога која подоцна ја доби Џејмс Дин. Аудицијата се појави како екстра материјал во ДВД верзијата на “Трамвај наречен желба” од 2006 година. Брандовиот прв настап во филм беше тоа во улога на параплегичнот ветеран во “Луѓе” во 1950. За подобро да ја подготви улогата, Брандо помина еден месец во кревет, во болницата на ветераните.
[уреди] Кулминација
Тој остави уште подобра импресија во 1951 година кога настапи како Стенли Ковалски во филм во Казановата адапција на Трамвајот. Брандо беше номиниран за Оскар за најдобар актер за таа улога, а номинација доби и во следните три години за неговите улоги во “Вива Запата!” во 1952, “Јулиј Цезар” во 1953 како Марк Антони, и во “На доковите” во 1954. Овие први пет филма на неговата кариера го изградија Брандо можеби како најдобар глумечки талент во светот, што се следи со освојување на Бафта наградата за најдобра главна улога три последователни години, од 1951 до 1953 година. Во 1953 исто така се истакна и во преставата на Ли Фалк, “Рацете и човекот”. Фалк беше горд да каже дека Марлон Брандо ја откачи понудата од 10 000 $ во недела на Бродвеј, за да одигра на неговата претстава во Бостон. Неговиот договор во Бостон беше тој да биде платен помалку од 500 $ во недела. Тоа беше и неговиот последен пат тој да игра во бина. Брандо стана јунак за новата генерација со одиграњето на улогата како мотоциклист бунтовник со име Џони Страблер во 1953 во “Дивиот”. Тој стана симбол на бунтовник на ерата на рок ен ролот така што и Елвис Присли ја копираше Брандовата улога како Џони кога го играше Винс во неговиот филм од 1957 година наречен “Jailhouse Rock”. Марлон Брандо стана јунак за Џејмс Дин, и се сметаше дека тој ја копираше неговата глума и личност. Брандо во својата аутобиографија наречена “Песните што ми ги научи мајка ми”, пишувал за времето кога Елиа Казан го претставил него пред Џејмс Дин во “Истогот на Еднен” и меѓу другото истакнал: “Тој беше нервозен кога се сретнавме и беше јасно дека тој не само што ја имитираше мојата глума но и веруваше во мојот начин на живеење”. Изгледите на бунтовниците што содржат моторцикли, џакети од кoжа, џинси, што стана тренд на времето за младите, дојде благодарејќи на тој филм и на уникатниот изглед и карактер на Брандо. Под дирекција на Казан и талентиран ансамбал околу себе, Брандо доби Оскар за улогата како Тери Малоу во филмот “На доковите”. Брандо го следи тој триумф со различни улоги во 1950те, како Скај Мастерсон во “Момчиња и кукли”, каде што одигра улога на пеач; како Сакини, јапонски преведувач на Американската Армија во Јапонија од после војната; како офицер на Воздушните Сили во “Сајонара”; како Наци офицер во “Младите Лавови”. Иако доби номинација за Оскар за неговото глумење во “Сајонара”, сепак неговата глума изгуби многу од својата енергија кон крајот на 1950те.
[уреди] Кум
Неговата улога како Вито Корлеоне во 1972 во “Кум” во средната фаза на неговата кариера означува враќање на старата слава. Режисерот Франсис Форд Копола го убеди Брандо да оди на пробно снимање, во која Брандо ја направи сам својата шминка. Копола се воодушеви од глумата на Брандо како глава на криминална фамилија, но требаше да се бори со студиото да му ја даде улогата на темпераментниот Брандо, кој беше познат за неговото лошо однесување и големи пребарувања
Меѓутоа, управувачите на Пармаунт сакаа да му ја дадат ова улога на Дени Томас. Но, Томас ја одби улогата и го потикне студиото да го ангажира Брандо заради желбата на Копола и на другите кои беа сведоци на извонредниот талент и вклопувањето на Брандо со улогата во пробното снимање. Брандо беше сензационален во сцената на состанокот со мафијашкиот ривал, сцена која е прогласена како една од најубавите моменти на филмската историја. Брандо ја доби престижната награда Оскар за Најдобар Актер за неговата глума како дон Корлеоне. Но, интересно е тоа што тој ја одби наградата и така стана вториот актер во историјата што постапува на таков начин после Ѓорѓ Скот за “Патон”. Тој исто така ја бојкотираше и церемонијата и ја прати на неговото место помалку познатата актерка Сашин Лителфитер за да ги објасни неговите причини, кои беа базирани на неговите протести кон начинот на кој се претставени Индијанците од страна на Холивуд и телевизијата. Следи една од неговите најубави улоги во “Последно Танго во Париз” на Бернардо Бертолучи, но ова улога доби друга насока заради еротската природа на филмот. И покрај противречностите кои го следија филмот и актерот, Академијата пак го номинираше него за Најдобар Актер.
| година | Филм | награда |
|---|---|---|
| 1951 | Трамвај наречен желба | номинација |
| 1952 | Bива Запата! | номинација |
| 1953 | Јулиј Цезар | номинација |
| 1954 | На доковите | добитник |
| 1957 | Сајонара | номинација |
| 1972 | Кум | добитник |
| 1973 | Последно Танго во Париз | номинација |
| 1989 | Суво бела сезона | номинација |
Неговата кариера после овој филм стана превртлива. Се договори да биде платен едне милион долари за една недела за да ја игра улогата на иконата Колонел Куртз во “Апокалипса cега”. За ова улога требаше да ослабее, да биде во форма и да ја чита книгата “Срце на Темнината”, но се појави без да ги исполни обврските, се појави предебел и без да ја прочита книгата, па затоа најголем дел од неговиот дијалог се имповизираше. После крајот на неделата, режисерот Франсис Форд Копола го молеше да остане уште еден час за да снима дополнителна сцена. Брандо се согласи за додатни 75 000 $. После овој филм неговата тежина му ја отежнуваше работата однсно гo ограничуваше бројот на улоги во кои тој може да игра.
| година | Филм | награда |
|---|---|---|
| 1953 | Bива Запата! | добитник |
| 1954 | Јулиј Цезар | добитник |
| 1955 | На доковите | добитник |
| 1959 | Младите лавови | номинација |
| 1973 | Сајонара | номинација |
| 1974 | Кум | номинација |
| 1990 | Последно Танго во Париз | номинација |
[уреди] Последните години и смртта
Бурниот живот на Брандо, неговата дебелина привлекуваше поголемо внимание отколку неговата касна глумачка кариера. Тој доби голема репутација како проблематичен актер кој често не можеше да ги запамти своите реченици во текот на снимањето на филмовите и којшто често доаѓаше до конфронтација со режисерите за детски причини. На другата страна за голем дел од актерите тој беше извондредна искрена, забавна и поднослива личност. Актерот беше добар близок пријател со пеачот Мајкл Џексон и редовно го посетуваше во неговата Неверланд Ренч, останувајќи таму со недели. Брандо истотака присуствуваше во прославата за 30 годишната соло кариера на пеачот во 2001, исто така беше дел од неговиот 15 минутен клип “Ти владееш со мојот живот”, истата година. Мико, синот на Брандо, беше телохранител и асистент на Џексон неколку години, и исто така и добар пријател со него. Брандо почина на 1 Јули, 2004, во болница на 80 годишна возраст. Причината на неговото умирање не беше објавена. Сепак, подоцна беше објавено дека Брандо почина од проблеми со дишењето. Тој исто така боледуваше од срце, ослепи поради дијабетис и беше дијагнозиран и со рак. Брандо беше кремиран, неговиот пепел е поделен на две места, дел од пепелот е во Тахити и дел во “Долина на смртта”.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Марлон Брандо“ |
- Марлон Брандо на Интернет Филмската база на податоци (англиски)
- Марлон Брандо на TCM Movie Database
- Марлон Брандо на Internet Broadway Database
- Марлон Брандо: Натпреварувач, Шампион, Боем
- Веб-страници во чест на Брандо
- Раната кариера на Брандо
- Brandoland
- Биографија на Брандо на Lenin imports
- Premiere: Сеќавајќи се на Брандо
- Информации за Брандо
[уреди] Некролози
- Некролог во The Washington Post
- Некролог во Slate
- MSNBC: Марлон Брандо умира во болница во Лос Анџелес
- Долга статија за аукцијата на предметите што ги поседувал Брандо во The Observer (ВБ)