Чарли Чаплин

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Чарлс Чаплин
Charlie Chaplin.jpg
Чарли Чаплин како „Скитникот“
Роден(а) Чарлс Спенсер Чаплин Џуниор
16 април 1889
Знаме на Англија Волворт, Лондон, Англија
Починал(а) 25 декември 1977 (возраст 88)
Flag of Switzerland.svg Веви, Швајцарија
Сопруг(а/и) Милдред Харис (1918-1920)
Лита Греј (1924-1928)
Полет Годард (1936-1942)
Оона Чаплин (1943-1977)

Чарлс Спенсер Чаплин (16 април 1889 - 25 декември 1977), попознат како Чарли Чаплин бил англиски комичар, кој останува запамтен како еден од најпознатите изведувачи во раните и средни години од Холивудската ера, а исто така и неговата работа како режисер не останала незабележана. Се смета дека е еден од најдобрите мимичари во историјата, како и еден од најгенијалните актери-кловнови. Поради ова има огромно влијание врз изведувачите од овие две полиња.

Чаплин е еден од најкреативните и највлијателните личности од ерата на немиот филм. Тој во своите филмови глуми, режира, продуцира, пишува текстови и музика. Неговата кариера се простира во период од преку седумдесет години, започнувајќи уште од најмала возраст како дете на Британската Викторијанска сцена и музичка сала, па речиси до самиот крај на неговиот живот (умира на 88-годишна возраст). На крајот останува запаметен како една од најголемите културни икони на 20 век. Истовремено, прогласен е и за десеттата најголема ѕвезда во филмската историја. Многумина велат дека всушност тој е најзначајната личност на дваесеттиот век. Еден од нив е и нашиот музичар Ристо Вртев.

[уреди] Филмографија

[уреди] Надворешни врски

Wikiquote-logo-en.png
Викицитат има збирка цитати поврзани со: