Филмска награда на академијата на САД
| Награда на академијата | |
|---|---|
| Се доделува за | Извонредност во филмските достигнувања |
| Наградува | Академија за филмски уметности и науки |
| Држава | САД |
| Воведена | 16 мај, 1929 |
| Мреж. место | http://www.oscars.org |
Наградите на академијата широко познати како Оскари (англиски: The Academy Awards или Oscars), се годишно доделувани филмски награди од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС)[1] како признание за одличноста на професионалците од филмската индустрија, вклучувајќи глумци, режисери и сценаристи. Свечената церемонија на која се доделуваат наградите е една од најважните филмски церемонии во светот и истата се емитува во живо во повеќе од 200 држави. Важи и за најстара медиумска церемонија; нејзините еквиваленти, наградите Греми (за музика), Еми (за телевизија) и Тони (за театар) се изработени по образец на Академијата.
Академијата за филмски уметности и науки е основана од Луис Б. Маер, шефот на филмското студио Metro-Goldwyn-Mayer, но всушност актерот Даглас Фербенкс е заслужен за отпочнување на наградната церемонија. Наградите се доделуваат во повеќе категории, со што од самиот почеток па до денес одредени категории се отстранети, а постојат и специјални награди кои се доделуваат периодично. Самата статуетка наречена е Оскар, а позната е и како Награда на акадамијата за заслужност, иако потеклото на името сè уште не е утврдено.
Првото доделување е одржано на 16 мај, 1929, во Хотел Рузвелт во Холивуд за оддавање чест на извонредните филмски достигнувања од 1927 и 1928. Глумецот Даглас Фербенкс и режисерот Вилијам Ч. деМил биле водители на церемонијата. Осумдесет и третото доделување ќе се оддржи на 27 февруари, 2011, во Кодак театарот во Холивуд, со актерите Ен Хатавеј и Џејмс Франко одбрани за водители.
Содржина |
Историја [уреди]
Првото доделување е одржано на 16 мај, 1928 на приватна вечера во Холивуд, со публика од околу 250 луѓе.[2] Се од првата година наградите се и медиумски прикажувани, најпрвин преку радио, а сè од 1953 и преку телевизија.[2] За време на првата деценија резултатите секогаш биле предавани на весниците во 23 часот на ноќта на доделувањето за да можат да се испечатат. Овој метод бил уништен кога Los Angeles Times ги објавиле победниците пред да започне церемонијата. Оттогаш академијата користи убаво запечатен коверт за да ги објави имињата на победниците.[3] Се од 2002, наградите се прикажуваат директно од Кодак театарот.[3]
Статуетката Оскар [уреди]
Теории за именувањето на златната статуа во „Оскар“ датираат уште пред одржување на првата церемонија. Што се однесува до самиот дизајн на истата, таа е изработена од златно-плочкаст британиум во Арт Деко стил. Како поддршка за вложениот труд на американците во Втората светска војна, статуетките биле изработувани од гибс, а биле заменувани за златни по крајот на војната.[4] Заклучно со 82. доделување на наградите одржано во 2010, неверојатни 2,789 статуетки се доделени за 1,825 награди.[5] Целосен број од 302 актери се здобиле со Оскари во различни категории.
Дизајн [уреди]
Иако постојат седум различни награди доделувани од Академијата (Меморијалната награда Ирвинг Г. Талберг, Хуманитарната награда Џин Хершолт, наградата Гордон Е. Соер, наградата за Наука и инженерство, наградата за Техничко достигнување, медалот за успех Џон А. Бонер и Студентската награда на академијата), најпозната е Награда на академијата за заслужност попозната како статуетката Оскар. Направена од златно-плочкаст британиум на црна метална база, висока е 34 cm, тежи 3,85 kg и претставува витез измазнет во Арт Деко стил држејќи крстоносен меч, стоејќи на округла филмска лента со 5 вдлабнати, средно големи кругови. Петте кругови ги претставуваат оригиналните гранки на Академијата: глумци, сценаристи, режисери, продуценти и техничари.[6]
Уметничкиот директор на MGM Седрик Гибонс, еден од оригиналните членови на Академијата, го надгледувал дизајнот на наградниот трофеј печатејќи го на ролна.[7] Бидејќи му бил потребен модел за статуетка, тогашната жена на Гибонс, Долорес дел Рио го запознала со мексиканскиот режисер и актер Емилио Фернандез. Иако колеблив на почетокот, Фернандез на крајот конечно решил да позира гол за да се направи тоа што денес е познато како „Оскар“. Потоа, вајарот Џорџ Стенли од глина го изработил дизајнот, додека Сачин Смит ја излиал статуата во 92,5 проценти калај и 7,5 проценти бакар за да на крајот ја обложи со златно-плочкаст материјал. Единствената промена на статуата откако е направена е малото преструктурирање на базата. Оригиналниот калап на статуата бил излиан во 1928 во C.W. Shumway & Sons Foundry во Батавиа, Илионис, кои исто така придонеле и во лиењето на калапите на Трофејот Винс Ломбарди и Еми наградата. Сè од 1983[8] секоја година се изработуваат приближно 50 Оскари во Чикаго, Илионис од фабрикантот R.S. Owens & Company.[9]
Именување [уреди]
Потеклото на името Оскар е оспорувано. Една биографија на Бети Дејвис тврди дека таа го именувала по нејзиниот прв маж, Хармон Оскар Нелсон.[10] Едно од најраните забележани споменувања на поимот Оскар доаѓа од една статија на списанието TIME Magazine од 1934 за шестото доделување на наградите[11] и за примањето на наградата на Бети во 1936.[12] Волт Дизни е исто така цитиран како се заблагодарува на академијата за неговиот Оскар уште од раната 1932. Друга потврдена теорија за потеклото на зборот е дека генералниот секретар на академијата, Маргарет Херик[13], која за прв пат ја видела статуетката во 1931 рекла дека статуетката многу ја потсетува на нејзиниот вујко Оскар. Колумнистот Сидни Сколски бил присутен во тој момент и веднаш објавил, „Вработените воодушевно и го дадоа името „Оскар“ на својата славна статуа“.[14] Трофејот официјално бил именуван „Ocкaр“ во 1939 од Академијата за филмски уметности и науки.[15]
Сопствеништвото на статуетките [уреди]
Сè од 1950, статуетките се легално заштитени така што ниту добитниците ниту нивните наследници не смеат да ги продадат статуетките на некому пред првин да ги понудат на академијата за 1 еден долар. Ако некој од добитниците одбие да ја прифати оваа спогодба, тогаш академијата си ја задржува статуетката. Награди на академијата кои не се заштитени со овој договор досега се продадени на јавни аукции и приватни договори за шест-цифрени суми.[16]
Ова правило е доста контроверзно, бидејќи додека Оскарот е во сопственост на примачот, всушност не е слободно за продажба на пазарот.[17] Случајот со внукот на Мајкл Тод кој се обидел да ја продаде статуетката укажува дека има многу кои не се согласуваат со целата замисла. Кога внукот на Тод се обидел да ја продаде статуетката на колекор на филмски прибор, академијата ја добила правната битка со добивање на судски налог. Иако некои продажни трансакции на Оскарите досега биле успешни, купувачите подоцна ги враќаат статуетките назад во академијата, кои ги чуваат во својата ризница.[18]
Номинирање [уреди]
Почнувајќи од 2004, резултатите од номинациите академијата јавно ги објавува при крајот на јануари. Пред 2004, резултатите од номинациите биле објавувани на почетокот од февруари.
Гласачи [уреди]
Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС), професионална хонорарна организација, вклучува гласачко членство од 5,829 се од 2007.[19]
Во најголем дел членови се актери, броејќи 1,311 членови (22 проценти) од целокупниот членски состав на академијата. Гласачите се потврдувани од прегледната фирма PricewaterhouseCoopers (и нејзиниот претходник Price Waterhouse) за минатите 73 наградни церемонии.[20]
Сите оние кои сакаат да станат членови на АМПАС мора да бидат поканети. Поканата доаѓа исклучиво од Одборот на управители, во име на извршниот комитет. Квалификуваност за членство може да се достигне со конкурентско номинирање или пак некој од членовите може да поднесе име врз основа на некој значаен придонес во филмската индустрија.
Нови членски понуди се разгледуваат секоја година. Академијата јавно не ги обелоденува членствата, иако во едно новинарско соопштение од 2007 има список од тие кои се поканети да се придружат. Истото соопштение кажува дека има под 6,000 членови со право на глас. Додека членството расте, строги прописи ја одржуваат големината.[21]
Правила [уреди]
Денес, според правилата 2 и 3 од официјалните правила на академијата, за некој филм влезе во трката за Оскар мора да биде прикажан во претходната календарска година, од полноќта на самиот почеток на 1 јануари до полноќта на крајот од 31 декември и тоа во некое од кината во Округот Лос Анџелес, Калифорнија (се разбира со исклучок на Најдобар странски филм).[22] Второто правило наведува дека филмот мора да биде „временско долг“, дефинирано со времетраење од најмалку 40 минути, со исклучок на наградите за пократки филмови и мора да биде или на формат од 35 mm или 70 mm, отпечатен на рамка 24 или 48, и со постепено скенирачка дигитална камера со домашна резолуција од 1280x720.
Членовите на одредената гранка ги номинираат тие кои спаѓаат во нивните соодветни полиња додека сите членови мора да гласаат за номинација за најдобар филм. Победниците се подоцна одредувани со втор круг на гласање каде на сите членови им е дозволено да гласаат во поголемиот дел од категориите.[23]
Се од седумдесет и деветото доделување, 847 членови (сегашни и минати) на Screen Actors Guild биле номинирани за Оскар (во сите категории).
Церемонија [уреди]
Телемитување [уреди]
Рејтинзи [уреди]
Собиралиште [уреди]
Категории во кои се доделува Оскар [уреди]
Наградата на академијата за заслужност [уреди]
Сегашни награди [уреди]
- Оскар за најдобар филм (од 1928 година)
- Оскар за најдобар режисер (од 1928 година)
- Оскар за најдобар актер (од 1928 година)
- Оскар за најдобра актерка (од 1928 године)
- Оскар за најдобар актер во споредна улога (од 1936 година)
- Оскар за најдобра актерка во споредна улога (од 1936 година)
- Оскар за најдобра сценографија (од 1928 година)
- Оскар за најдобар помошник-режисер (од 1933 до 1937 година)
- Оскар за најдобар снимател (од 1928 година)
- Оскар за најдобар режисер на комедии (1928 година)
- Оскар за најдобра костимографија (од 1948 година)
- Оскар за најдобар танцов режисер (од 1935 до 1937)
- Оскар за најдобар документарен филм
- Оскар за најдобар краток документарен филм
- Оскар за најдобра монтажа
- Оскар за најдобар странски филм (од 1947 година)
- Оскар за најдобра шминка
- Оскар за најдобра оригинална музика
- Оскар за најдобра песна
- Оскар за најдобар анимиран филм (од 2001 година)
- Оскар за најдобар краток анимиран филм
- Оскар за најдобро оригинално сценарио (од 1940 година)
- Оскар за најдобро адаптирано сценарио (од 1928 година)
- Оскар за најдобри визуелни ефекти
- Оскар за најдобра оригинална приказна (од 1928 до 1956 година)
- Оскар за најдобар напис на титловите (1928 година)
- Оскар за најдобар звук
- Оскар за најдобри звучни ефекти
- Оскар за најдобар краток филм во боја
- Оскар за најдобар краток иновативен филм
- Оскар за најдобра уметничка и артистичка продукција (1928 година)
- Оскар за најдобро техничко достигнување (од 1931 година)
- Оскар за најдобри инжинерски ефекти (1928 година)
Минати награди [уреди]
Предложени категории [уреди]
Специјални категории [уреди]
Сегашни специјални категории [уреди]
Минати специјални категории [уреди]
Критицизам [уреди]
Досегашни најдобри филмови 1990 - сегашност [уреди]
- 2008 Милионер од гетото
- 2007 Нема земја за старци
- 2006 Покојни
- 2005 Судир
- 2004 Девојка од милион долари
- 2003 Господарот на прстените: Враќањето на кралот
- 2002 Чикаго
- 2001 Прекрасен ум
- 2000 Гладијатор
- 1999 Американска убавина
- 1998 Вљубениот Шекспир
- 1997 Титаник
- 1996 Англискиот пациент
- 1995 Храбро Срце
- 1994 Форест Гамп
- 1993 Шиндлеровата листа
- 1992 Непростено
- 1991 Кога јагнињата ќе стивнат
- 1990 Танц со волците
Наводи [уреди]
- ↑ „About the Academy Awards“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. http://www.oscars.org/aboutacademyawards/index.html. проверено на 2007-04-13.
- ↑ 2,0 2,1 „About the Academy Awards (page 2)“ (на English) (HTML). „Academy of Motion Picture Arts and Sciences“. http://www.oscars.org/aboutacademyawards/index2.html.
- ↑ 3,0 3,1 „History of the Academy Awards“ (на English) (HTML). „Academy of Motion Picture Arts and Sciences“. http://www.oscars.org/aboutacademyawards/history01.html.
- ↑ „Oscar Statuette: Manufacturing, Shipping and Repairs“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. http://www.oscars.com/legacy/?pn=statuette&page=2. проверено на 2007-04-13.
- ↑ „A Brief History of the Oscar“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. http://www.oscars.org/aboutacademyawards/awards/index.html. проверено на 2008-08-04.
- ↑ „Oscar Statuette: Legacy“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. http://www.oscars.org/awards/academyawards/about/awards/oscar.html/?pn=statuette. проверено на April 13, 2007.
- ↑ Academy of Motion Picture Arts and Sciences (May 3, 2007). "Academy to Commemorate Oscar Designer Cedric Gibbons". Соопштение за печат. (проверено на April 13, 2007)
- ↑ „Eladio Gonzalez sands and buffs Oscar #3453“. „The Big Picture“. The Boston Globe. 20 февруари, 2009. http://www.boston.com/bigpicture/2009/02/at_work.html#photo14. проверено на 2009-02-21.
- ↑ Babwin, Don. „Oscar 3453 is 'born' in Chicago factory“, „Associated Press“, 2009-01-27.
- ↑ „Bette Davis biography“. The Internet Movie Database. http://www.imdb.com/name/nm0000012/bio. проверено на 2007-04-13.
- ↑ "Oscars", TIME Magazine, 26 март, 1934
- ↑ „The Oscars, 1936“. http://firstmention.com/oscars.aspx. проверено на 2008-02-17.
- ↑ OSCAR.com - 80th Annual Academy Awards - Oscar Statuette
- ↑ Levy, Emanuel (2003) All About Oscar: The History and Politics of the Academy Awards Continuum, New York. ISBN 0-8264-1452-4
- ↑ „OSCAR.com - 80th Annual Academy Awards - Oscar Statuette“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. http://www.oscar.com/oscarhistory/?pn=statuette.
- ↑ (Levy 2003, стр. 28)
- ↑ Lacey Rose (28 Feb 2005). „Psst! Wanna Buy An Oscar?“. forbes. http://www.forbes.com/2005/02/28/cx_lr_0228oscarsales.html. проверено на 2007-04-13.
- ↑ (Levy 2003, стр. 29)
- ↑ Sandy Cohen. „Academy Sets Oscars Contingency Plan“, „AOL News“, 2008-01-30 (проверено на 2008-03-19).
- ↑ Jackie Finlay. „bbc. co. uk/1/hi/entertainment/4769730.stm The men who are counting on Oscar“, BBC News, 2006–03–03 (проверено на 2007-04-13).
- ↑ oscars. org/press/pressreleases/2007/07.06.18.html „Academy Invites 115 to Become Members“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. http://www. oscars. org/press/pressreleases/2007/07.06.18.html. проверено на 2007-09-04.
- ↑ „Rule Two: Eligibility“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. http://www.oscars.org/78academyawards/rules/rule02.html. проверено на 2007-04-13.
- ↑ „Rule Five: Balloting and Nominations“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. http://www.oscars.org/78academyawards/rules/rule05.html. проверено на 2007-04-13.
Надворешни врски [уреди]
- Oscars.org
- База на податоци на наградите од Академијата
- Oscar.com
- Оскари на Интернет Филмска Датабаза
|
||||||||||||||||||||||||||||||||