Критика

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Критика е образложена оцена на некое дело, работа, постапка, или збир од оцени во одредена област. Критиката може да биде објективна или субјективна, аналитичка или импресионистичка, апсолутна или иманентна и сл. По својата суштина критиката е интелектуален израз на односот кон одредени појави, идеи или дела. Критичкиот осврт кон некое уметничко, научно или друго дело вклучува негов приказ и вреднување.