Софија Лорен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Софија Лорен

Софија Лорен е една од најпознатите италијански глумици. Родена е на 20 септември 1934 во Рим. Нејзиниот татко бил инженер а нејзината мајка учителка по пијано. Израсната е во сиромашни услови во градот Поцуоли близу до Неапол додека траела Втората Светска војна. Софија веќе на 15 години заминала во Рим да бара филмска улога, а со платата како модел за илустрирање романтични приказни ја издржувала нејзината фамилија.

Кариера[уреди]

После малата филмска улога во како што е "Quo Vadis" Софија во 1957 година го запознала продуцентот Карло Понти за кого се омажила на својот 23 роденден. Подоцна таа морала да се разведе од него за да го спаси од обвинувањата за бигамија, со голед на тоа што тој веќе оженет, но сепак останале љубовници.

Кога во 1962 освоила Оскар за италијанската воена драма Чочара, станала прва глумица во историјата која го добила Оскарот за Грофицата од Хонг Конг надвор од англиското говорно подрачје. Во 1967 година глумела во последниот филм кој го режирал Чарли Чаплин.

Во 1982 година одлежала 18 дена во затворот во Италија заради неплатени даноци. Списанието Емпајер во 1995 година ја нарекол најпривлечна ѕвезда во филмската историја.

Освен Оскар, освоила и 5 златни глобуси, четири пати за најпопуларна женска ѕвезда, а еднаш за животно дело во областа на филмот.

Приватен живот[уреди]

Пред своето прво дете имала 2 спонтани абортуси, но подоцна по сите компликации успеала да роди две деца кои се викале Карло Понти и Едуардо Понти. Во последно време се занимава со финансирање, шминка, накит и парфеми.