Брак на италијански начин (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слика од филмот „Matrimonio all'Italiana“ (1964). Софија Лорен и Марчело Мастројани
Слика од филмот „Matrimonio all'Italiana“ (1964). Софија Лорен и Марчело Мастројани

Брак на италјански начин (италијански: Matrimonio all'italiana) — италијански филм од 1964 година. Режијата е на Виторио Де Сика, а сценариото на Ренато Кастелани според пиесата на Едуардо Де Филипо.

Во главните улоги настапуваат Софија Лорен и Марчело Мастројани. Покрај нив играат и Алдо Пуљиси, Текла Скарано, Марилу Толо и Џани Ридолфи[1].

Филмот има добиено одлични критики за двајцата главни глумци. Филмот ги освоил наградите „Давид Ди Донатело“ (за најдобра продукција) и „Златен глобус“ (за најдобар странски филм).

Заплет[уреди | уреди извор]

Филумена Мартурано, мајка на три деца, која со години е слугинка и конкубина на Доменико Соријано, сака да се омажи. Успева во тоа преправајќи се дека е смртно болна. Но, потребна е дополнителна итроштина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „NY Times: Marriage Italian-Style“. NY Times.com. Архивирано од изворникот на 2012-10-20. Посетено на 2009-03-22.