Убавина
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Убавина е карактеристика на една личност, место, објект или идеја што овозможува перцепционално искуство на задоволство, значење или сатисфакција. Убавината се проучува како дел од естетиката, социологијата, социјалната психологија и културата. Како културна креација, убавината денес е многу често комерцијализирана.
„Идеално убава“ е онаа личност која ценета, или поседува особини кои асоцираат на убавина во определени култури. Голем број на личности од историјата станале икони на убавината - на пример, жени како што се Клеопатра VII, Елена од Троја и Мерилин Монро.
Субјективното искуство на „убавината“ често ја вклучува интерпретацијата за определен ентитет како балансиран и во хармонија со природата, што доведува до чувства на привлечност и емоционално добра состојба. "Убавината е во окото на оној кој го поседува" е честа фраза која го искажува овој концепт.
Во својата најдлабока смисла, убавината може да создаде искуство на позитвна рефлексија за значењето на сопственото постоење. „Предмет на убавина“ е сѐ што открива или евоцира некое лично значење.
Надворешни врски [уреди]
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
||||||||||||||
