Жад
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Жад е термин кој се употребува за два различни полускапоцени камења, нефрит и жадеит. Бојата му е најчесто зелена, но може да биде и со синозелени нијанси и бела боја. Најценет е жадот со темнозелена нијанса, но во Кина е традиционално многу ценет и белиот жадеит. За Kинезите жадот е симбол за пет основни и најважни човечки особини: скромност, морална чистота, праведност, пристојност и храброст.
Во минатото жадот бил и симбол на моќта, така што предмети од жад во тоа време можеле да имаат само припадниците на владеачката класа. Исто така се употребувал и за изработка на орудија и оружје.
Постои вариетет кој се нарекува серпентински жад или нов жад. Новиот жад се пронаоѓа во серпентинските карпи во вариетети од бои, од бела до црна со изразени зелени нијанси измеѓу.
[уреди] Скапоцените камења и нивното влијание на човекот
Скапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Жадот се смета како амблем на совршеност и е симбол на кралската власт. Некогаш го нарекувале и 'камен на боговите'. Кога се носи како огрлица ги лечи пореметувањата со стомакот и бубрезите, а се држи и на самото оболено место како камен за лечење.
[уреди] Скапоцените камења и хороскопските знаци
Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така жадот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: девица, вага и водолија.
[уреди] Надворешни врски
perlenoire.mk (македонски)
