Готска уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Готската катедрала (Амијен)

Готика или готска уметност претставувала средновековна уметност која опстојувала околу 200 години. Нејзините зачетоци се во Франција, по 12от век, како следбеничка на романтичното движење, се јавува најпрвин во архитектурата прин изработка на катедралите. По 14от век еволуира во нешто што се нарекува Интернационална готика како еден природен стил кој продолжува и во 15от век каде што се пренесува во ренесансната уметност. Примарно готиката наоѓа примена во изработката на скулптурите, витражот, резбарството, фреско-сликарството и манискриптите. Преку готската уметност е прикажана една цела приказна преку изработени слики од областа како на христијанството така и навод од него. Најрани готички дела биле христијанските скулптури, кои се раѓале на ѕидовите на катедралите и манастирите. Христијанската уметност се карактеризирала со прикажани приказни од Стариот и Новиот Завет. Изработките надовор од црковниот живот се однесувале најмногу на основањето на градовите, универзитетите, големиот број на пазари, создавањето на новата економија и слично.

Готски скулптури[уреди]

Готската скпултура во себе содржи украсување на катедралите и се употебува како додаток во архитектурата со украсни архитектонски елементи, најразлични стубови, палистери и конзоли. Балдахинската палстика претставувала основен елемент за развојот на сулптурата како самостојно уметничко дело. Во 12-тиот и 13-тиот век била единствена катедралска пластика со која се изработувале дела со мотиви од животот на Исус и Дева Марија како и животите на останатите светци. Волуминозноста е оновна карактеристика која доаѓала до израз кај овие скулптури, додека презентирањето на човечкото тело во конфронтација со пропорциите и природните облици се значајни за овој тип на уметност. Клаус Слатер, гермаско-бургундинскиот скулптор, го означува крајот на готската скулптура и почетокот на класиката во ренесансниот стил на крајот на 15-тиот век.



Готско сликарство[уреди]

За врме на готската уметност подеднакво подем доживуваат како скулптурата така и сликарството. Во уметноста посебен акцент имале редот и чистотата. На сцена доаѓа вдлабнувањето на релјефот, со што готиката ги уништува огромните ѕидни површини погодни за сликање, но со ова се овозможило настанувањето на една нова техника во сликарството- витражот. Готичкото сликарство не дава можност за навлегување во сликата со што се појавуваат и теоретичари (Витилио) кои се занимаваат со оваа проблематика околу просторот на сликата и перспективата на сликарите од која што инспириран бил и Чото, чии што учител бил Чимабуе кој ја враќа просторната илузија во реалниот простор. Уметниците од истите бои добивале сенка и ги препознаваат згуснатите и разредените бои. Витражот станува една племенита техника која се развива во готиката, стаклото се изработува во мала и голема плочкаста форма на која се гради сликата. Структурата на сликата има дводимензионален плоштенски карактер. Доминанти бои се црвената, сината, темно сината и жолтата. Контурите се формираат, а подоцна се јавуваат и останатите уметнички пристапи како декаденцијата, помалите композиции на помали стаклени површини, се појавува додавањето на сенки на витражот и техниката во која само на средината на стаклената површина се јавува витражот. Во тој период, катедралите почнуваат со натпреварување која од нив ќе има поубав витраж, кога почнува и слиакњето на дврени плочи од тврдо дрво излепени со посебни украсни делови во самите катедрали, каде и според некои митови, се појавува и цртањето на платно иако се знае дека овој вид на цртање настанува дури во времето на ренесансата. Новите реалистични елементи доаѓаат околу 1400-та година од Бургундија како и фламанските области (браќата ван Ајк) и се пренесуваат во француско-холандските области (Авињон, Бургундија и Холандија) од каде што готиката се проширува и во останатите делови на Европа.


Галерија[уреди]


Наводи[уреди]

  1. Istorija na umetnosta H.W. JANSON, 1982.
  2. Opšta istorija na umetnosta ĐINA PIKSEL,1974.
  3. Istorija na slikarstvoto Fernand Hazar, 1973.

Останати врски[уреди]