Женственост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Женственоста е збир на атрибути, код на однесување и одредени општествени улоги целосно поврзани со женскиот род. Женственоста е општествено создадена појава, која е поврзана со општествена дефинираност и биолошки одредени фактори. Односно дефиницијата за биолошката пресудност на женскиот пол не ги органичува феминизираните карактеристични особини кои можат да се појават како генетски одредени карактеристики кај некои мажи и трансекусалци. Одредени карактеристики кои припаѓаат во дефинираноста на женственоста се нежноста, емпатијата и чувствителноста, сепак овие и други особености покажуваат поврзаност кон самото место и контекстот, како и други општествени и културни фактори. Збир на спротиставени особини кои сепак на одредени начин женственоста ја надополнуваат е мажественостa.

Историја[уреди]

[[File:Sandro Botticelli - La nascita di Venere - Google Art Project - edited.jpg|300px|thumb|Познатата слика Раѓањето на Венера (Ботичели) е класичен пример за женственост. Венера е римска божица на љубовта, убавината и плодноста.[1][2]

Зборот женственост потекнува од латинскиот збор femina односно 'жена' или во буквален превод таа што дои.[3]

Современите поими поврзани со женственоста започнале во средновековниот период во Англија за време на епидемија на бубонска чума. Жените во средниот век едноставно биле опишувани како девица, сопруга, или вдовица. За време на „црната смрт”,односно чумата која избришала половина од населението, се случува промена во традиционалните родови улоги на сопруга и мајка, и се создаваат нови можности за жените во општеството. Концептот на "жена" доживеа големи промени на многубројни начини и нови описни поими морале да се создадат за да се опишат овие улоги, со зборови како женственост и женскост.

Однесување и карактерни особини[уреди]

Поврзано: Sex and psychology и Feminine psychology

[[File:Villers Young Woman Drawing.jpg|thumb|225px|right|Marie-Denise Villers, Young Woman Drawing, 1801, depicts an independent feminine spirit.[4] ]]

Иако некои карактерни особини што означуваат женственост не се универзаилно идентични сепак постои одредени модели преку која тие се препознатливи. Нежност, емпатија, чувствителност, толерантност, негувателност, одбранбеност и ДФГДГДФГ генерално се дел од женственоста.[5][6][7][8]

Понекогаш женственоста се поврзува со сексуална објективизација и сексуалната привлечност. Сексуалната пасивност понекогаш се доживува како женствена особина додека сексуалната самодоверба и сексуалната желба припаѓаат на мажествените личности.

Дихотомијата на половите дефинирана од Анн Оаклеј имало значително влијание на соизиолозите при дефинирање на машко-женските односи како регулирани, стого вкоренети и репродуцирани во нашето општество, како и структури на моќ кои се однесуваат на овие концепти. Одредени теоритичари како и постмодернисти, сепак ја опишале оваа половата дихотомија како сериозно опасно поедноставување. Тековната дебата поврзана со половите и психологиијата го опфаќа половиот идентитет и специфичното однесување на половите како последица на социјализацијата а не се должи на некои вродени генетцки фактори. Според Дијана Халпер, и двата факта играат одредена улога, но сеупте е потребно понатамошно истражување за а се утврдат важностите на овие фактори. Дискутабилното прашане на Натурализмот наспорти емпиризмот постојано се надполонува со нвои истражувања и мислења. Некои веруваат дека одредени особни од женственоста му припаѓа на самиот човек додека други особини кои би ја комплетирале женственоста треба да се согледат како цел која треба да се достигне. Во 1959 истражувачи како џон мони и анки ерхард предлагаат хормонална терапија. Нивните истражувања го придонесуваат аргументот дека сексуалните органи го *капат* ембрионот со хормони што резултира со раѓање на една индивидуа со изразито машки или женски мозок, при што подоцна неколку порджувачи на ова мислење изјаснуваат дека е можно да се предвиди развитокот на еден човек и насоката која ќе го одреди неговото разивање, женствена или мажествена. Сепак оваа теорија била строго критицирана и сеуште е контроверзна. Во 2005 извршените истражувања за поврзаноста на полот и писхологијата покажуваат дека полот како и стереотипите кои се поврзани со машкиот или женскиот пол влијаат на однесување на една личност, и половиот идентитет може да се развиеа уште од три годишна возраст. Мони исто така потенцира дека половиот идентитет се формира во текот на првите 3 години од животот на детето. Мери Ветерлинг изјаснува дека сите особини поврзани со женственоста произлегуваат од рани сексуални односи. Други како Карол Патеман, Рија Клопенборг и Вутер Ханеграф, искажуваат дека дефинираноста на женственоста е само резултат на строги правила кои покажуваат као женскиот род треба да се однесува за да се одржува еден патријахален социјален систем.

Во школата за аналитична психологија на Карл Јунг, аниме и анимус се две главни антропоморфни архетипови на потсвеста.Според теоријата на Јунг, анима и анимусот се елементи на потсвеста кои преставуваат еден домен на потсвесното кој ја надминува личната психа.Во потсвеста на машкото се експресира како феминизирана внатрешна персона-анима, исто како што во потвеста на жената тоа би било преставено како мажествена внатрешна личност-анимус


Облека и изглед[уреди]

Во Западот, идеалот на феминизираноста ги содржи следниве елементи, долга коса, бела порцеланска кожа, тенка половина и малку или воопшто да нема телесни влакна. Во останатите култура овие стандарди не се клучни. На пример во многу други култури во светот влакната под пазувите не би се согледувале како неженественост. Овие идеали на женственоста понекогаш се строго критизирани од феминиски и останати активисти како дискриминирачки и дека лошо влијаат на човековото здравје. На пример идеалот на слабо, тенко тело потикнал големи пореметувања во исхраната како и појавата на анорексија во Западот..


Во историјата[уреди]

Во различни култури, историски периоди или социјални, економски или етнички контексти, женственоста се доживува и се нормира различно. Најчестите стереотипи за женственоста се изразени преку стереотипите за емоционалноста, експресивноста, нежноста, лојалноста. Како дел од женствените карактеристики можат да бидат вклучени и статусни и социјални позиции, но и специфични професии.[9]

Телесни модификации[уреди]

Телесни модификации се намерно создадени промени на човековото тело за естетски цели без никоја одредена медицинска потреба. Една таква цел е да се потикне развојот на женствени карактеристики кај жените. Во Кина со векови помалите стапала припаѓаат во аристократски надворешни особини кај жените. Практиката на свиткување и оформување на стапалото беше наменет за подобрување на изгледот и за постигнување на женственост, иако самиот од на жените бил тежок и болен. Во одредени делови од Африка и Азија, вратни-прстени се носат со цел да се издолжи вратот. Во овие култури, долг врат карактеризира женствена убавина. Жените Падаунг на Бурма и жените Тутси на Бурунди, ја практикуваат оваа форма на телесна модификација.

Идеална женственост[уреди]

Постојат многубројни дефиницииа за иделна женственост поради различните култури и нивните лични вредности, поради тоа честите дебати за конкретна дефинираност се постојани.

Машка перцепција[уреди]

Перцепијата на машкиот род кога станува збор за женственоста варира во однос на различните култури и временски периоди. Во 1883 Франис Галтон прв забележал дека физички особини кои индицираат здравје без никаква генетцка мутација исто така наречено коинофилија е силен индикатор за физичка убавина. Денеска мулти-билионски бизниси се базирани врз осознанијата на тоа што машкиот род го доживува како феминизираност.

Истражувањата покажуваат дека мажите во индо-европските култури како најатрактивни женствени пропорции ги сметтат тие чии колкови имаат 0,7 сооднос со половината. Физиолози покажало дека жените со телесна форма на песочен часовник се поплодни од другите жени а тоа се должи на повисоките нивоа на одредени женски хормони , факт кој може потсвесно да влијае врз изборот на партнет.

Во Јапонија, терминот јамато надешико, односно персонификација на идализирана Јапонска жена, или "олицетворение на чистата, женствена убавина, често се однесуваат на девојка или срамежлива млада жена , а во современ малку носталгичен контекст, на жените со "добри" карактеристики кои во нашава денешница се многу ретки.


Во популарната културата[уреди]

Во 1876 година, Хоратио Алгер ги назначил жените од Капе Код како идеал на женствената убавина. Тој ги опишал како образовани, во одлична физичка состојба, со плави коси и потемнета кожа. Во 1959 година, модната кукла Барби креирана од најпозната компанија за играчки Маттел, покажала женствен идеал на современата естетска убавина. Иако постојат луѓе кои целосно ја подржуваат женствената слика преставена преку куклата Барби, сепак нејзините телесни пропорции се нереални и тие не се склопуваат со пожелните пропорции кои се атрактивни за мажите од индо-европските култури. Оваа икона на феминизираност, сепак привлека големо интернационално внимание, но сепак сликата која што ја проектира оваа кулка била и сеуште е критикувана бидејќи оваа нереалистична и недостижна идеја им наштетува на голем број млади луѓе, со поткнување на анорексија и други нарушувања. Во кина, овој Барби идеал е одбиен од голем број припаднички на женскиот пол. Во Иран, Барби идеалот преставува вистинска закана за општесвените вредности на нивната култура, дури и поголема закана во споредба со Американските бомби. Во Саудиска Арабија, Барби е комплетно забранета , бидејќи нејзината проектирана слика е вистинска закана за моралноста на Исламот.


Традиционални улоги[уреди]

Стереотипите поврзани со половите имале големо влијание кон создавање на традиционалние окупации на жените, при што резултирало со неправедна настроеност кон секоја жена која не се совпаѓала во овој круг на трафиционални полови улоги. Стереотипите за женскиот пол ја потенцираат грижливата природа сто треба да ја споедува како и одредени вештини провзани со домакинство, дека имаат поспособни моторни вештини од мажите, дека се поискрени од мажите, и дека имаат изразито атрактивна физичка појава. Работни позиции кои се поврзани со овие стереотипи се- домакика, рецепционер,кашиерка, учителка, слугинка, готвач, секретарка, продавачка, социален работник и медицинка сестра. Професионална сегрегација создава родовата нееднаквост.. Првите програмери биле жени. Но оваа слика драстично се сменила, па во денешно време програмерството се гледа како работно поле создадено за мажите. На полето на медицината . Во областа на медицината, улогата на лекарот традиционално му припаѓа на машкиот род, додека улогата на медицинската сестра припаѓа на женскиот. Сепак овие предрасуди во голем дел од светов, повеќе не содржат никакво значење, иако одредени специјалности, како што се хирургија и итна медицина, се предземени од страна на машкиот пол и имаат повисока плата. Во западните култури мажите се доживуваат како потенцијални лидери, додека женскиот род е копмплетно ограничен кога станува збор за лидерството. Сепак некои луѓе го извипуваат фенистичкиот стил на лидерство како поповолен, бидејќи се фокусира на помогнување и соработка, за разлика од мажествениот стил на лидерство кој се насочува кон контролирање и извршување на задачи.Чуствителност е само една од голем број каратеристки кои што западните медиуми ги користат кога станува збор за опшување на многубројни жени-лидери.


Објаснувања за нерамнотежа во професиите[уреди]

Верувањето дека воочливите полови разлики помеѓу машкиот и женскиот пол, како што е способноста да се раѓа, создала полова поделба на работната сила и стеретопите продолжиле да се менуваат и да се доплонуваат подржувајќи ја оваа полова поделба. Бременоста како и одгледување на деца има тенденции да го прекинат континуитетот на вработување. Според теоријата за човечкот капитал, овие животни околности создаваат повелкување на жената од инвестирање во високото образование и обука за вработување. Ричард Анкер од Меѓународната канцеларија на трудот тврди дека оваа теорија не ја појаснува половата поделба на работните позиции, бидејќи многу професии кои се поврзани зо женскиот пол, како административна помош, бараат повеќе знаење, искуство и континуитет на работење за разлика од некои машки професии кои не поседуваат некои посебни квалификазии,пример- возач на камион..


Религија[уреди]

Шаманизам[10]

Религија во Азија[уреди]

Аргументивно шаманизмот им претходи на сите организирани религии уште од времето на палеолитот. Археолошките наоди сугерираат дека најраните шамани биле жени, и современи шамански улоги како на пример корејскиот мудан гпродолжуваат да бидаат изведени првенствено од жени.

Во Хинду традицијата, Деви е женствениот аспект на божественото. Шакти е божествена женствена творечка моќ, света сила која се движи низ целиот универзум и создавател на промени.

Таа е духовната половина на машкиот дух, и доколку не би го надполонувала неговиот дух, тој би постанал празен и импотентен. Како женствената манифестација на величественуот бог, таа исто така се нарекува Пракрити, основната мудрост на природата без која овој Универзум не би функционирал ниту би постоел. Во Хиндуизмот, универзалната креативна сила Јони е женственоста, чија инспиртавитност ја потикнува животната сила на креаирање. Јин и јанг Во Таоизмот, концептот на јин ја преставува примарната сила на женствената половина од спојот јин и јанг. Таа е исто така мал дел и од машката половина од ова единство. Јин би се карактеризирал со следниве елеменит нежност, мекост, спорост, попустливост, влажност, пасивност, студеност.


Јудео-Христијанската теологија[уреди]

Духовна мудрост- Света Софија

Обично Јудео-Христијанскиот бог кој содржи описни темини од машки род, како на пример-татко, крал, воин- многу теолози тврдат дека со овие описи тие сепак не го индицраат полот на Бога. Според Катехизмот на Католичката Црква,бог не е маж ниту пак жена, тој е едноставно Бог. Неколку писатели како Сали МцГахуе, го покажува женското лице на Бог, истакнувајќи ги сите можни женствени свети квалитети. На пример во книгата за Исаија, Бог се споредува со мајка чија утеха го препалвува нејзиното дете, додека во Книгата на Второзаконие, се вели дека Бог го создал Израел.

Во книгата за Битието, се вели дека од ништо постанала божјата креација односно од ex nihilo. Во религиозната вероисповедна литература мудростс е опишана со женствени особини. Во многу книги на Стариот Завет, вклучувајќи Мудрости и Сирахов, мудроста е персонифицирана како "таа." Според Дејвид Винстон, бидејќи мудроста е божја креативност, таа мора да биде интимно поврзана со Бога. Божјата мудрост преставена со женственост, на хебрејски се нарекува:Чокмах, на арапски:Хикмах, на грчки: Софија, а на латински: Сапиентиа. На хебрејски, и шекхинах (Светиот Дух и божествена присуство на Бога) и Руач ХаКодеш (божествена инспирација) се преставени со женски пол.

Во еврејската кабала, Chokhmah (мудрост и интуиција) е силата на творечкиот процес, дека Бог го создава небото и земјата. Binah (разбирање и перцепција) е голема мајка, женскиот приемник на енергија и давателот на формата. Binah (разбирање и перцепција) е големата мајка, женскиот приемник на енергија и давателот на формата. Binah добива интуитивена мудрост од Chokhmah и таа мудрост живее на неана ист начин на кој мајка прима семето од таткото, и го чува во неа се додека не е време да се породи. Интуицијата, еднаш допрени со перцепција, доведува до создавање на Универзумот.

Духовна мудрост - Света Софија[уреди]

Мажи кои имаат одредени женстевни особни и манири можат да се наречат феминизирани. Травестит е маж кој носи женствена облека и се однесува не изразено женствен начин, се со цел да ја забавува публиката.

Феминизираноста не е комплетно поврзана со сексуалната ориентација на еден маж, иако голем број на фемницирани мажи се прикажуваат како хомосексуални во модерната Западна култура. Описни термини како што се- феминофобија, фемнизираност, педер, пичка и многу други преставуваат една негативна поточно навредлива описна содржина поврзана со феминизирани мажи.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Manifestations of Venus: art and sexuality pg 93 By Katie Scott, Caroline Arscott pg 93-"...began its consideration of Venus by describing her as .... who presided over all feminine charms, for..."
  2. The Pacific muse pg 49 By Patty O'Brien "The young beautiful Venus wringing water from her tresses was a configuration of exotic femininity that was…
  3. „Online Etymology Dictionary“. Etymonline.com. http://www.etymonline.com/index.php?term=feminine. конс. 13 ноември 2011. 
  4. [1] The Methodologies of Art: An Intrduction (Boulder: Westview Press, 1996), 81. Laurie Schneider Adams"[Young Woman Drawing] 'suddenly acquired feminine attributes: Its poetry, literary … all seem to reveal the feminine spirit.' "
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Vetterling-Braggin.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Worell.
  7. Positive Peer Culture pg 22 By Harry H. Vorrath, Larry K. Brendtro "Still, almost all girls have clearly been socialized toward positive caring behavior"
  8. Introduction to Psychology – Page 184 By James W. Kalat "and so are positive feminine traits (compassion, tolerance, etc.)
  9. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. http://www.zdruzenska.org.mk/article.asp?id=336. конс. 22 јуни 2007. 
  10. Barbara Tedlock The woman in the shaman's body: reclaiming the feminine in religion and medicine,Random House Digital, Inc., 2005