Патријархат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Патријархат е социјална организација на животот на луѓето, заснована на стриктно почитување на традицијата во која највисоката власт и најголемото почитување го има таткото, додека жената (мајката) има подредена улога. Патријархатот се одликува со строга хиерархија, во која постои доминација на машките припадници над женските и на постариите над помладите.

Историјат[уреди]

Предпатријархални општества[уреди]

Наодите укажуваат дека во најраното доба, околу 7000 год. п.н.е., на подрачјето на денешна Европа и Мала Азија [1]живееле многу развиени култури, кои го негувале земјоделието. Во тоа време жените играле важна улога - економска како работнички и духовна како свештенички, па нивната општествена улога била нагласена. Роднинските врски се потпирале на матријархатот, што значи дека ќерките ги наследувале своите мајки. Мажите имале еднакво важни улоги како трговци и занаетчии, и како што се чини, во тоа време немало војни. Важните центри на оваа рана култура биле на Балканот, на подрачјето на денешна Турција и предасирската култура на подрачјето на денешен Иран.

Патријархални општества[уреди]

Денес постојат многобројни објаснувања и теории за појавата на патријархатот. Народите кои го населувале подрачјето на Европа, веројатно во согласност со општествените прилики се развивале во правец на патријархатот. Сите промени можат да се доведат во врска со азиските племиња на коњаници, кои поради сушите и наглото зголемување на бројот на населението морале да го напуштат своето подрачје. До овој процес на преселба дошло многу рано (околу 3500 год. п.н.е.).

Формирањето на патријархатот, маргинализацијата на жената и вооружените судири нашле заеднички корени. Постојаните војни и освојувања довеле до доминација на патријархалните култури. Овие култури претставувале пресвртница во создавањето на европската цивилизација (на Стара Грција и Римското царство). Последниот центар на старата, многу развиена култура на земјоделско производство што ја раководеле жените, била на Крит. Таа исчезнала во втората половина на II век п.н.е. како последица на природните катастрофи.

Наводи[уреди]