Умберто Еко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Умберто Еко е италијански писател и философ. Во светот најмногу е препознаван по своите новели и есеи.

Умберто Еко

Кратка белешка за писателот[уреди]

Умберто Еко е роден на 5 јануари 1932 година во малиот град Александрија во италијанската покраина Пиемонт. Како мал бил зафатен од сите немири што ги носела Втората светска војна. Со својата мајка се искачувал на ридиштата од каде што ги гледал борбите меѓу фашистите и партизаните и жалел што бил премногу млад за да учествува во војната. Сите овие настани ќе бидат основа за неговиот втор роман, полуавтобиографијата Нишалото на Фуко.

По желба на својот татко, Еко се запишува на студии по право, но ги напушта поради големата љубов кон средновековната литература и философија. Оваа своја љубов ја претопува во својот прв роман Името на розата, каде што исклучително добро ги преведува средновековните религиозни контроверзии во модерни политички и економски термини, така што читателот е во можност да ги разбере настаните и дејствијата без неопходни теолошки знаења.

Докторирал философија во 1954 година и работи како професор по семиотика на Болоњскиот универзитет. Предава и на увиверзитети во Европа и Америка, а добитник е на многу престижни награди. Освен претходно споментатите два романа, автор е на уште три: Островот на претходниот ден, Баудолино и Таинствениот пламен на кралицата Лоана. Познат е и како автор на голем број научни дела.

Умберто Еко се опишува себеси како човек што започнува многу работи истовремено за подоцна да ги синтетизира во една целина:„Ако немам многу работи да направам, загубен сум“. До ден денес пуши по неколку кутии цигари на ден, работи најчесто до доцните ноќни часови и сака да гледа филмови на видео. Има желба на неговиот гроб како епитаф да биде испишан цитат од Томазо Кампанела:

Цитати[уреди]

  • „Чекај, чекај! Јас не можам.“

Надворешни врски[уреди]