Тома Аквински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Тома Аквински

Свети Тома Аквински (латински: Thomas Aquinas, италијански: Tommaso d'Aquino; 1225 - 7 март 1274) — христијански теолог и свештеник. Во денешно време е многу ценет светец од страна на црквата.

Свети Тома Аквински е италијански теолог и философ. Тој е основоположник на томизмот, една од средновековните школи, кои лежат во основата на касните философски погледи на католичката црква, во 1879 годиина прогласена официјално од папата Лав XIII во сите католички учебни програми. Тој се смета од страна на католиците за еден од најголемите теолози во историјата и за еден од триесет и трите доктори на црквата.

Тома Аквински е воспитан во абатството на монасите бенедикцинци - Монте Касино во Италија. Се замонашува во 1248 година. Учи во Париз каде постигнува голем успех, за кое е нарекуван Doctor universalis и Doctor angelicus. Од 1248 до 1252 година е студент на Свети Алберт Велики во Келн. Предава повторно во Париз од 1256 до 1259 и проповеда во Италија (Рим, Витербо и Орвјето). Од 1269 година е научен префект на Доминиканскиот орден во Неапол, каде создава школа. Умира на пат за Вториот Лионски сабор во Фосанова. Папа Јован XXII го канонизира како светец во 1323 година.

Големата заслуга на Тома Аквински е поставувањето на теологијата на научна основа. За изјаснувањето на тајните на верата го прилага принципот на „нормалниот разум“ и философските погледи на Аристотел. Тој ги осудува тогашните противречја помеѓу приврзаниците на учењето на Свети Августин (принцип на верата) и онаа на Аристотел, која произлегува од опитот и на неговото познавање, при што докажува, дека овие две учења дејствуваат заедно — некои работи можат да се објаснат само со посредство на верата, други со разумот.

Тома Аквински го одобрува убиството на еретиците и станува теоретичар на Инквизицијата. Неговата порака — „Верувам, оти е апсурдно“ — покажува, како стриктно го толкувал учењето на Свети Августин. Во поново време, католичката црква се држи на растојание од овој поглед на Тома Аквински.

Тома Аквински има напишано многу филозофски и теолошки дела, од кои најславно дело му е „Теолошки зборник“ во три дела во која ја обработува својата теологија и опфаќа систематски изложена синтеза на теоријата на Аристотел и на христијанската традиција. Овој спој е вграден во мисловните темели на средновековната црква, а и ден-денес ја сочинува основата на римокатоличката доктрина. Ова дело е преведено на скоро сите светски јазици.

Говорејќи за црквата, Св. Тома е изговорил:“ Исус ја прифатил маката од голема желба која ја имал во себе си да ја обедини црквата.“

Дебеличок и дружељубив, Тома Аквински, бил толку омилен што го сакале дури и неговите противници во интелектуалниот свет.[1]

Наводи[уреди]

  1. Историја - сеопфатен визуелен водич - Адам Харт-Дејвис, Скопје 2009